Затвореник избегал на пауза од судење во Струмица

t

Затвореник од затворот во Штип во текот на вчерашниот ден избегал за време на пауза од судење во Основниот кривичен суд во Струмица.

За време на судењето откако била дадена пауза, лицето било спроведено од двајца затворски полицајци кога побарало да оди во тоалет, при што на излез од тоалетот го турнал едниот полицаец и се дал во бегство. Истиот избегал со лисици на рацете.

Настанот за Инфомакс го потврдува и директорот на штипскиот затвор, Дејан Здравков.

– „Од наша страна беа запазени сите законски процедури, но се случил пропуст. Јас веднаш ги известив МВР и Јавното обвинителство за случајот, а евентуалните пропусти од страна на затворската полиција ќе ги утврдува комисија која е веќе формирана, вели Здравков за Инфомакс.

Полицијата веќе трага по избеганиот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Затвореник избегал на пауза од судење во…

Затвореник од затворот во Штип во текот…

Земјоделците со трактори ја блокираа Струмица: „Изгоревме…

Струмичките земјоделци и денес протестираа и го…

Се додека не се зголемат откупните цени…

Земјоделците од Струмичкиот регион со трактори и…

Директорот на штипската болница: Ако се докаже…

*Објава на Фејсбук на директорот на Клиничка…

Девојка остана во инвалидска количка по царски…

По сериозниот случај со 19-годишната пациентка Станка…