Затвореник силувал друг затвореник во затворот во Штип
Во Казнено-поправната установа Затвор Штип е пријавен сериозен случај кој се истражува по наводи за кривично дело поврзано со сексуална злоупотреба меѓу осудени лица.
На 30.06.2026 година во 11:32 часот во СВР Штип од Клиничка болница Штип било пријавено дека кај нив од затворот е донесен 39-годишен осуденик од кавадаречко, кој бил предмет на настанот.
Според пријавата, во установата 59-годишен осуденик од струмичко извршил обљуба врз оштетениот.
„За случајот веднаш бил известен јавен обвинител, а надлежните институции преземаат мерки за целосно расчистување на настанот. По завршување на истрагата и целосно документирање на случајот, против осомничениот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава“, информираат од МВР.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Затвореник силувал друг затвореник во затворот во…
Во Казнено-поправната установа Затвор Штип е пријавен…
Истрага за полов напад врз малолетно девојче…
Основното јавно обвинителство Штип донесе Наредба за…
Синот на норвешката принцеза осуден на четири…
Мариус Борг Хоиби, 29-годишниот син на норвешката…
33-годишник од Карбинци силувал малолетничка и ѝ…
На 08.06.2026 во 13:50 часот, Полициски службеници…
Тетовец силувал 15-годишно девојче, мајката молчела поради…
Шокантен и исклучително вознемирувачки случај на сексуално…