Затворен Генералниот конзулат на Косово во Струга

t

Амбасадата на Косово во Македонија објави дека Генералниот конзулат во Струга е затворен, а конзуларните услуги во иднина ќе се обезбедуваат во Амбасадата во Скопјe, објавува приштинската „Teve1“.

„Врз основа на Уредбата бр. 150/2025 на Претседателот на Република Косово и во спроведување на придружната Одлука бр. Реф. 261/2026 на Министерството за надворешни работи и дијаспора, ве известуваме дека Генералниот конзулат на Република Косово во Струга, во Република Северна Македонија, е затворен“, се вели во соопштението.

Одлуката за затворање, според соопштението, е донесена поради проценка на динамиката на работата на мисијата.

„Одлуката се заснова на проценка на динамиката на работата на оваа конзуларна мисија и служи за оптимизирање на ресурсите, во согласност со целокупните институционални цели и потреби. Присуството во Струга ќе продолжи преку Канцеларијата на почесниот конзул на Република Косово, задолжена за конзуларниот округ во овој град“, се нагласува во соопштението на Косовската амбасада.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Затворен Генералниот конзулат на Косово во Струга

Амбасадата на Косово во Македонија објави дека…

Жените во Македонија за еднаква работа заработуваат…

И покрај законските гаранции за еднаква плата…

Најава за нови апсења на Косово, дали…

Политичкиот аналитичар и новинар од Приштина, Фатон…

Шверц на границата меѓу Македонија и Косово:…

Возило без регистарски таблички е запрено во…

Во јули 367 одобренија за градење, предвидени…

Во јули годинава се издадени 367 одобренија…