Објавено на:

Захарова: Доларот е инструмент на новиот тип на колонијализам

t

Дедоларизацијата не е цел на организациите и на некои земји, туку стана реалност откако доларот стана проблематична валута, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова во интервју за турскиот весник „Ајдинлик“.


„Велат дека дедоларизацијата е некаква цел на разни организации или на некои земји. Но, не е, не е целта. Тоа е само реалност. Доларот деновиве е многу проблематична валута. Тоа не е мое политичко гледиште, тоа е објективен економски факт“, рече таа, потсетувајќи на економските кризи предизвикани од ситуацијата во американскиот финансиски систем.


Захарова потсети дека со децении порано, САД „предложија доларот да се користи како меѓународна валута за да се направи животот подобар, полесен и поудобен за сите“. Таа призна дека во тоа време авторите на оваа политика веројатно биле искрени во своите намери.
„Сепак, оваа валута сега се користи како инструмент на хегемонија и нов тип на колонијализам, се користи за казнување, сегрегација, комплицирање на туѓите животи или претворање во кошмар“, рече таа.
Захарова истакна дека целта на учесниците во БРИКС, Турција или други земји, не е да го напуштат доларот. Според неа, земјите не сакаат да ги решаваат американските проблеми.
„Тие сакаат да создадат систем на финансиски гаранции за да не станат жртва на уште една американска криза. Од руска гледна точка, овој систем што се обидуваме да го формираме е постабилен и побезбеден“, рече Захарова. Таа додаде дека националните валути се постабилно средство за плаќање во сегашната ситуација и секоја земја мора да го избере патот што го смета за најсоодветен во контекст на сопствената финансиска сигурност.

Инаку, портпаролката Захарова, вчера во реакција до македонското претседателство со ОБСЕ ги нарече Македонците северномакедонци..

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ХОРОР: Марија, мајката на убиеното дете Александар…

„Нефункционалните институции ми го убија детето. Мојот…

Москва: Русија нема да дозволи „нацистичка држава“…

Во моментов, ниту Западот ниту Киев не…

Захарова: САД замижуваат пред украинскиот теpоpизам

Вашингтон е де факто одговорен за нападите…

Фајненшл Тајмс: Инвеститорите го избегнуваат доларот

Менаџерите со средства овој месец ги продаваат…

Доларот ослабе, цените на нафтата пораснаа

Во Азија цените на акциите се зголемија,…