Зајкова од Брисел: За македонскиот јазик и историски идентитет одлучуваат само граѓаните на Македонија

t

Либерално-демократската партија информира дека претседателката на ЛДП, пратеничката Моника Зајкова, на настанот на Renew Europe во Брисел –  Форум за Западен Балкан 2026 (Western Balkans Forum 2026): A New Chapter for Europe – испрати јасна порака дека Северна Македонија има целосно легитимно право да се самозаштити со европски механизми, исто како што тоа деновиве го прави и самата Европска Унија.

Зајкова истакна дека ЛДП е инспирирана и поучена од актуелните дебати во Европскиот парламент, каде што се разгледуваат заштитни клаузули за зачувување на европскиот суверенитет, безбедносни и економски интереси – особено во контекст на Гренланд и ревизијата на веќе потпишаните договори на ЕУ со САД и со Mercosur.

„Апсолутно е вон умот да се очекува Македонија да се однесува неевропски, додека ЕУ со право се самозаштитува со правно обврзувачки клаузули. Ако тоа е европски стандард – тогаш тој мора да важи и за земјите кандидати”, изјави Зајкова.

Таа изрази целосна поддршка на обединетиот европски став дека за иднината, суверенитетот и безбедноста на Гренланд одлучуваат исклучиво граѓаните на Гренланд и Кралството Данска, согласно меѓународното право, додавајќи дека истото правило мора да важи и за Македонија.

„За македонскиот суверенитет, јазик, култура и историски идентитет одлучуваат само македонскиот народ и граѓаните на Северна Македонија”, нагласи таа.

Зајкова посочи дека договореното со ЕУ треба да се спроведе без одлагање, но со јасни и правно обврзувачки заштитни клаузули: преку национални закони, уставен закон, како и со сите исти европски методи.

„Со европски методи, европски мерки и самодоверба, Македонија може да го истрча спринтот кон ЕУ, заклучи Зајкова.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зајкова од Брисел: За македонскиот јазик и…

Либерално-демократската партија информира дека претседателката на ЛДП,…

Гранати од Првата светска војна пронајдени при…

По пријава од физичко лице, екипа на…

Ќе удри утринската зора и за нас!…

Во земјава денеска се одбележуваат 154 години…

Лондон и Брисел стануваат се поактивни во…

Лондон и Брисел се погласно ја демантираат…

(Во живо) Пешевски: Генерален штрајк во приватен…

Секој ден ќе бидеме пред Влада додека…