Гранати од Првата светска војна пронајдени при изградба на гасовод

t

По пријава од физичко лице, екипа на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) излезе на терен на трасата каде се изведуваат работи за изградба на гасовод и безбедно беа отстранети шест артилериски гранати со калибар од 75 милиметри.

Како што информира ДСЗ, интервенцијата беше извршена од страна на пиротехничар од ДЗС – Зоран Пеeв од Штип.

– Станува збор за гранати од периодот на Првата светска војна, заостанати од Солунскиот фронт. Пронајдените експлозивни направи беа транспортирани на безбедна локација и пренесени на полигонот Криволак, каде што ќе бидат уништени согласно пропишаните безбедносни процедури, соопшти ДЗС.

Од Дирекцијата за заштита и спасување информираат дека со навремената пријава и брзата реакција е избегната потенцијална опасност по безбедноста на граѓаните и работниците ангажирани на терен.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ДЗС: безбедно отстранети две минофрлачки гранати од…

Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) безбедно…

(Видео) Пронајдени и извадени над 1700 гранати…

Над 1.700 гранати се пронајдени и извадени…

Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но…

Досието на Македонија е многу сложено, но…

Мицкоски од Самитот во Црна Гора: Очекувам…

Премиерот Христијан Мицкоски очекува силни пораки за…

Македонија со седум борачи на Светското првенство…

На предстојното сениорско Светско првенство во борење,…