За да се испрати барање за екстрадиција на Груевски, треба да му се тргне азилот, вели Мицкоски

t

Поранешниот премиер Никола Груевски, кој е во бегство во Унгарија, сè уште има азил и од тие причини не е пратено ново барање за екстрадиција, вели премиерот Христијан Мицкоски по обвинувањата од опозицискиот СДСМ дела власта ја одолговлекува постапката за екстрадиција.

Во однос на споредбата со Полска, која веќе побара екстрадиција на свои поранешни функционери, Мицкоски вели дека станува збор за различни случаи.

„Тие немаат азил – полските поранешни членови на влада. Во нашиот случај поранешниот премиер има азил. За да се испрати барање за екстрадиција, треба прво процедура, да се тргне азилот. Тоа е прво. Ако испратиме сега, ќе добиеме негативен одговор. Можеме утре да го испратиме, нема проблем, само дајте малку суштински да ги гледаме работите. А опозицијата нека го побара Васко Ковачевски нека дојде“кажа Мицкоски.

Во однос на случајот со можната екстрадиција на Груевски, адвокатот од Хелсиншкиот комитет на Унгарија, Жолт Секереш, во интервју за „360 степени“ вели дека бегалскиот статус на едно лице подлежи на ревизија секои три години. Преиспитување може да се иницира и вонредно, но во тој случај се потребни неколку месеци за да се донесе правосилна одлука, независно од политиката и најавите на човекот кој се очекува да стане нов премиер на Унгарија, Петер Маѓар.

„Како што стојат работите сега, според моето најдобро разбирање, Никола Груевски во моментов ужива статус на бегалец во Унгарија. Тоа е последната информација за неговиот статус која ни е јавно достапна. Оние што се признаени како бегалци се соочуваат со периодична ревизија на нивниот статус, што се случува на секои три години откако ќе бидат признаени како бегалци. И, доколку се исполнат одредени услови, статусот на бегалец може дури и да биде повлечен надвор од овие тригодишни периоди на ревизија. Но, тоа е јасно регулирано со закон и мора да се исполнат јасни критериуми за тоа да се употреби. Очигледно, ниту еден орган не може поединично да издвојува приматели на статус бегалец по збор на политичар – тоа би било спротивно владеењето на правото. Она што мора да се случи е надлежниот орган во таков случај, доколку верува дека нечиј статус на бегалец треба да се повлече, мора да помине низ официјална процедура во која на самиот бегалец, во овој случај, исто така мора да му се даде шанса да реагира на тврдењата и ставот на органот за тоа зошто статусот мора да се повлече. И ако се повлече, тоа мора да биде соодветно образложено во посебна одлука која може да се оспори пред суд. Значи, постои процедура во која тоа може да се направи, тоа е правено и во минатото, тоа е дел од законот, дел од правото на ЕУ, но, секако, мора да се почитуваат правните гаранции и процесните правата“,вели Секереш.

Од Министерството за правда соопштија дека во континуитет го следат случајот и ги преземаат сите мерки за законски да ги обезбедат потребните документи. Потсетуваат дека за поранешниот премиер Никола Груевски е поднесено барање за екстрадиција на 20 ноември 2018 година, како и дополнување на барањето во јуни 2019 година, кое е одбиено од страна на Унгарија во август истата година.

„Екстрадицијата беше побарана за сите предмети за кои постоеја сознанија дека се водат постапки пред македонските правосудни органи, односно за сите случаи за кои е распишана потерница. Унгарија го одби барањето за екстрадиција на 5 август 2019 година, со образложение дека на Никола Груевски му е одобрен азил согласно нивното законодавство, кое не дозволува предавање на лице кое ужива таков статус на државата од која избегало“,соопштија од Министерството за правда.

Потегот следува откако лидерот на унгарската партија Тиса, Петер Маѓар, која однесе убедлива победа на изборите во неделата, најави екстрадиција на поранешниот македонски премиер кој во 2018 година побегна во Унгарија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

За да се испрати барање за екстрадиција…

Поранешниот премиер Никола Груевски, кој е во…

Пет пријавени случаи за семејно насилство во…

На 16.04.2026 во 16:00 часот во Битола,…

Полицаец фатен како вози со активна забрана…

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и…

СДСМ поднесе интерпелација за Цветан Трипуновски поради…

Пратеничката група на СДСМ поднесе интерпелација за…

Иран: Ормускиот теснец е „целосно отворен“

Иран прогласува дека Ормускиот теснец е „целосно…