За излез од земјава на Табановце и Богородица се чека еден час, ГП Дојран 30 минути
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На ГП Табановце времето на чекање за влез во државата е околу еден час, на ГП Богородица за излез се чека исто така околу еден час, а на ГП Дојран за излез се чека околу 30 минути. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Патниот правец Охрид – Ресен, преку националниот парк Галичица е отворен за сообраќај до 01.10.2022 за возила со вкупна маса до 3,5 тони.
На државните патишта. Од 01.07.2022 година започна со примена времениот режим на сообраќај во летниот период од 01.07 до 31.08 на државните патишта во Република Македонија со кој се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 15 тони за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ХОРОР ВО ШУТО ОРИЗАРИ: Година и пол…
Јасин Мустафа, дете од година и пол,…
Регистрирани 15 пожари на отворено – седум…
Вкупно 15 пожари на отворен простор се…
Хеликоптери спасиле 36 луѓе, без опрема и…
Австриската планинска спасувачка служба успешно спроведе сложена…
Разбиена руска шпионска операција во Шведска
Шведската безбедносна служба САПО денеска објави дека…
Трагедија на Халкидики: српски турист извлечен мртов…
Од морето во областа Сарти, на Халкидики,…