За малку ќе го наследел 3aeв: Димитров требало да биде новиот премиер на Македонија
Вицепремиерот за европски прашања, Никола Димитров попладнево ја шокираше македонската јавност со своите обвинувања на адреса на довчерашниот колега министер за надворешни работи, Бујар Османи кој наводно бил спремен на национално предавство во преговорите со Бугарија.
Димитров открива и дека меѓународните партнери на Македонија наводно сакале тој да го наследи Зоран Заев на премиерската позиција, но коалицијата не го прифатила тоа.
-По оставката на премиерот Заев, дел од нашите меѓународни пријатели се јавија со поддршка јас да ја преземам владата. Објаснувањата поради кои ова не беше прифатено од коалицијата, кажано преку вас новинарите, е дека сум бил нереален идеалист и премногу принципиелен и не сум се разбирал од меѓупартиски пазари. За мене ова се комплименти. Ако за моите принципи нема место во македонската влада мора да им најдеме место во македонската политика и во македонското општество, рече Димитров.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Македонската кујна на 47. место меѓу најдобрите…
Популарниот гастрономски портал за храна и патувања,…
Рекорден пад на вработените во текстилниот сектор…
Текстилниот сектор во Македонија се соочува со…
(Видео) Oдбраната на Мицевска со која обезбеди…
Голманката на македонската репрезентација Јована Мицевска беше една од…
Државата денеска се задолжува со уште 89…
За денеска се закажани две аукции на…
Меџити пред првиот меѓувладин состанок со Владата на…
Два дена пред меѓувладината средба помеѓу Македонија…