За многу години: Денеска се празнува Светиот Архангел Гавриил

t

Тој е благовесникот на воплотувањето на Синот Божји. Еден од големите седум ангели што претстојат пред престолот Божји. Му го јави на Захарија раѓањето на светиот Јован Претеча и самиот за себе рече: „Јас сум Гавриил кој стојам пред Бога“ (Лука 1, 19). Неговото име, Гавриил, значи маж – Бог. Зборувајќи за Благовештението, светите отци толкуваат дека е испратен архангел со такво име што ќе означи кој и каков ќе биде Оној што ќе се роди од Пречистата Дева. Ќе биде значи Маж – Бог, крепок, силен Бог. Некои дознаа дека истиот тој Гавриил им го јави на Јоаким и Ана раѓањето на Дева Марија и дека тој го поучуваше Мојсеј во пустината како да ја напише книгата Битие. Светите отци мислат дека Гавриил му принадлежи на првиот и највисок чин на небесните сили, на серафимскиот, зашто серафимите стојат најблиску до Бога. Тој е, значи, еден од седумте серафими најблиски до Бога. Имињата на тие седуммина се: Михаил, Гавриил, Рафаил, Уриил, Селатиил, Јегудил, Варахиил. На овој број некои им го додаваат и Јеремиил. Секој од нив има особена служба, а сите тие се рамночесни. Зошто Бог не го испрати Михаил? Затоа што неговата служба е да ги крши непријателите на Божјата вера. А службата на Гавриил е благовестење за човечкото спасение.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Денеска се празнува Светиот маченик Исидор

Во времето на царот Декиј, Исидор беше…

Денеска се празнува Светата маченичка Гликерија

Ќерка на еден гувернер на Рим. По…

Денеска се празнува Светиот апостол Симон Зилот

Еден од дванаесетте (големи) апостоли. Беше родум…

Денеска се празнува Светиот пророк Исаија

Денеска се празнува Светиот пророк Исаија Овој…

Денеска се празнува Чудото на светиот апoстол…

Денеска се празнува Чудото на светиот апoстол…