Објавено на:

За Непал да се воздигне од урнатините, потребни се 4-5 милијарди долари, тврди министерот за финансии

t

На Непал му се потребни четири до пет милијарди долари за обнова по катастрофалните поплави на 26 август во хималајскиот регион на Непал и кинескиот Тибет, изјави денеска министерот за финансии на Непал, Сварним Вагл.

Тоа е само проценка. Загубите и штетите уште се проценуваат, изјави тој, истакнувајќи дека штетата е помала од таа по земјотресот со јачина од 7,8 степени во 2015 година, најлошата катастрофа во Непал досега.

Штетата тогаш изнесуваше девет милијарди долари, загинаа 9.000 луѓе, а повеќе од половина милион домови се урнаа.

Одронување глечер на 26 август предизвика карпи, мраз и кал да завршат во хималајските реки при што 600 луѓе го загубија животот во Непал и Тибет, а повеќе од 2.000 се водат како исчезнати. Тие поплави срамнија со земја села, однесоа мостови и патишта и оштетија хидроелектрани.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

За Непал да се воздигне од урнатините,…

На Непал му се потребни четири до…

Во Србија се отвори првата фабрика за…

Во Шабац денеска е отворена првата фабрика…

Невреме на Кипар – еден повреден од…

Еден повреден од удар на гром, поплавени…

Над 3 милиони невработени во Германија: пазарот…

Бројот на невработени во Германија и во…