За првпат и Виница ќе маршира за ангелите од Кочани, маршот започнува во 17:05 ч.
За првпат оваа сабота и Виница ќе биде дел од „Маршот на ангелите“ – марш посветен на 63-те згаснати животи и стотиците повредени во трагедијата што ја потресе јавноста. Како што информираат од здружението на граѓани 16 март 2025, Собирот е предвиден од 16 часот и 45 минути на плоштадот „Ангел Винички“, со што, се повикуваат сите граѓани и поддржувачи, да се приклучат на маршот, кој е предвиден да започне во 17 часот и 5 минути. Организаторите велат дека маршот е повик за вистинска правда и порака дека ваква трагедија никогаш не смее да се повтори.
„За првпат и Виница ќе маршира за 63-те ангели. За вистината што предолго се турка во сенка. За правдата што сe уште доцни.
Маршираме затоа што зад бројката 63 стојат 63 прекинати животи, неостварени соништа, празни соби и семејства што засекогаш останаа без дел од себе. Затоа што над 500 повредени и преживеани не се бројки во извештај — туку луѓе што секој ден живеат со физички последици и трауми од таа ноќ.“, велат од здружението
Како што потенцираат и понатаму од здружението, родителите маршираат затоа што за трагедија не смее да постои симболична одговорност.
Затоа што условна казна не е правда за 63 изгубени животи и стотици уништени семејства.
И натаму стојат цврсто со ставот дека за правдата на своите деца ке се борат до крај.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
За првпат и Виница ќе маршира за…
За првпат оваа сабота и Виница ќе…
Приведени крадците што украдоа велосипед пред теретана…
На 13.05.2026 полициски службеници од СВР Скопје…
ВМРО-ДПМНЕ по реакциите за Дејвид Гета: СДСМ…
Разбираме дека Дејвид Гета не му е…
Полицијата трага по лицето кое го чуваше…
Откако надлежните институции по извршените проверки утврдија…
Министерот Алиу потврди: Деветмина пациенти оперирани без…
Вкупно девет кардиолошки интервенции во неколку државни…