За првпат и Виница ќе маршира за ангелите од Кочани, маршот започнува во 17:05 ч.
За првпат оваа сабота и Виница ќе биде дел од „Маршот на ангелите“ – марш посветен на 63-те згаснати животи и стотиците повредени во трагедијата што ја потресе јавноста. Како што информираат од здружението на граѓани 16 март 2025, Собирот е предвиден од 16 часот и 45 минути на плоштадот „Ангел Винички“, со што, се повикуваат сите граѓани и поддржувачи, да се приклучат на маршот, кој е предвиден да започне во 17 часот и 5 минути. Организаторите велат дека маршот е повик за вистинска правда и порака дека ваква трагедија никогаш не смее да се повтори.
„За првпат и Виница ќе маршира за 63-те ангели. За вистината што предолго се турка во сенка. За правдата што сe уште доцни.
Маршираме затоа што зад бројката 63 стојат 63 прекинати животи, неостварени соништа, празни соби и семејства што засекогаш останаа без дел од себе. Затоа што над 500 повредени и преживеани не се бројки во извештај — туку луѓе што секој ден живеат со физички последици и трауми од таа ноќ.“, велат од здружението
Како што потенцираат и понатаму од здружението, родителите маршираат затоа што за трагедија не смее да постои симболична одговорност.
Затоа што условна казна не е правда за 63 изгубени животи и стотици уништени семејства.
И натаму стојат цврсто со ставот дека за правдата на своите деца ке се борат до крај.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Само 265 лица од Македонија со бугарски…
Многу слаб интерес владее во Македонија за…
Новинарка на N1 спречена да влезе во…
Новинарка на телевизијата N1 ги посети просториите…
САД ги повлекува дипломатите и членовите на…
Соединетите Американски Држави забрзано преместуваат дел од…
ВМРО-ДПМНЕ: Две недели Филипче молчи и не…
Венко Филипче пред две недели најавуваше анкети…
Нетанјаху објави слика од нуклеарка: Израел се…
Израел се соочува со егзистенцијална закана од…