За Чаир се бира меѓу две можности: Дивиот пешачки да стане регуларен и означен или да се постават лифтови на надпатникот

t

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски вечерва најави дека наскоро ќе има тендерска постапка за целосно сервисирање на жичницата на Водно. Тој уште еднаш нагласи дека до крајот на сезоната, жичницата нема да биде ставена во функција.

– Ќе има постапка објавена за скоро време, тендерска, во која ќе треба да се сервисира целосно. Јас кажав дека до крајот на сезоната нема да биде ставена во функција. Ако ревитализацијата биде целосно  завршена и кога јас ќе бидам безбеден со моето дете да се возам во неа, тогаш ќе дозволам да работи. Во спротивно, нема да дозволам ничиј живот да биде загрозен, на кој било скопјанец или на кое било дете во Скопје, поради несовесноста на службите во минатото – напомена Ѓорѓиевски во дневникот на ТВ Сител.

Во врска со дивиот пешачки премин во Чаир, Ѓорѓиевски повтори дека разговарал со градоначалникот на Чаир, Изет Меџити, како и дека има две опции: да се обезбедат лифтови за надпатникот или тој да се  отстрани и да се направи регуларен пешачки премин, со семафори. Граѓаните кои биле консултирани, се за поставување регуларен пешачки премин, по сите стандарди.

Во врска со минатонеделното невреме во Скопје, поплавените булевари и подвозници, како и капацитетот на атмосферската канализација, рече дека се генерално мапирани критичните точки. Суштината, според Ѓорѓиевски, е да се биде подготвен и брзо да се реагира.

– За брзо време се справивме со предизвикот, со оглед дека беше огромна количината на дожд. За 40 минути веќе беше овозможено нормално функционирање. Беа стационирани повеќе цистерни на „Водовод и канализација“, но и на нашата Противпожарна бригада помогн да го решиме предизвикот. Влеговме подготвени во процесот. Факт е дека неколку точки се критични: булеварот Србија, каде што е извесно дека скоро ќе имаме решение, како и булеварот Христијан Тодоровски Карпош. Тоа беа две од трите точки каде што имавме сериозен проблем. И третата точка каде што реално не постои можност да најдеме решение зашто толкав е капацитетот на излезот на атмосферската канализација, е делот кај Ист Гејт што се поплави – објасни Ѓорѓиевски и оцени дека проблемот е во тоа што, кога се изработувале одредени проекти, неплански и неодговорно се пристапувало.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

За Чаир се бира меѓу две можности:…

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски вечерва најави…

Клековски: Владата го разгледа извештајот за непотребните…

Владата го разгледала извештајот на независната комисија…

Ѓорѓиевски: За десетина дена почнуваме со втората…

Орце Ѓорѓиевски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ…

Гори во Кичево и Битола, изгаснати се…

На ден 06.07.2026 година, до 20:00 часот,…

Зеленски: Апсурдно е да нема доволно оружје…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски повторно предупреди дека…