Ѓорѓиевски: За десетина дена почнуваме со втората фаза, односно со тунелите за Лимак
Орце Ѓорѓиевски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и градоначалник на Град Скопје во вечерашното гостување во „Тема на денот“ на Сител телевизија се осврна на проектите кои се реализираат на територијата на Градот Скопје, меѓу кои и за почетокот на теренските градежни активности за мостот Генерал Михајло Апостолски, кои беа најавени претходната недела.
„Во програмата внимателно ветував и кога стануваше збор за овој мост каде што знам дека има и судски процеси отпочнато, има неколку судски процеси коишто не зависат од нашиот ангажман како Град Скопје, кажав дека до крајот на мојот мандат ќе биде функционален мостот, но многу порано го постигнуваме тоа бидејќи ги решивме оние експропријации коишто се клучни за да можеме да овозможиме простор за движење на возила односно да го направиме функционален мостот“, појасни Ѓорѓиевски и додаде:
„Не беше тоа единствениот проект којшто беше закочен изминативе 10-тина години, Момин поток со силен интензитет се реализира, таму се целосно решени имотно-правните односни, булеварот Борис Трајковски целосно се реализира, мостот на Љубљанска, решени се целосно имотно-правните односи, она што е најважно во наредните 10-тина дена започнуваме со втората фаза односно со тунелите за Лимак во делот од Центар кон Кисела Вода-спојувањето.“
Ѓорѓиевски истакна дека освен тоа што се завршуваат горенаведените започнати проекти во минатото, се започнува и реализација на нови како сите оние паркови коишто се започнати, реконструкции на улици, клучки одредени и средување на делот накај Водно.
Меѓу другото, Ѓорѓиевски се осврна и на проектот Градски воз и посочи дека тој лично смета дека истиот ќе влијае на подобрување на состојбите и намалување на сообраќајниот метеж во главниот град и дека се работи на адаптирање на линиите на истиот.
„Ќе има адаптирање на линиите, има тело коешто работи во соработка од страна на службите на Градот Скопје, ЈСП Скопје, Министерството за транспорт, поточно Железници транспорт, каде што ќе пробаме на одредени позиции да ги адаптираме линиите како собирни точки на местата каде што ќе бидат железничките станици каде што граѓаните ќе можат да го користат Градскиот воз. Според мене лично, мислам дека ќе влијае на подобрување на состојбите и намалување на сообраќајниот метеж во главниот град“, заврши Ѓорѓиевски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мерц подготвен за разговор со Путин? Договорот…
Разговори меѓу германскиот канцелар Фридрих Мерц и…
АЛ-МАДА: САД ПОДГОТВЕНИ ДА ПРИФАТАТ ЧЕТИРИ ОД…
Соединетите Американски Држави наводно се подготвени да…
Охриѓанец исчезнал од семејниот дом, полицијата трага…
На 10.11.2026 година, во 17:00 часот, во…
Иран отвори прв воен камп за обука…
Иран го отвори својот прв воен камп…
Шпанија во генерален штрајк поради високите кирии…
Околу четири милиони луѓе се приклучиле на…