За 24 часа уапсени 11 возачи, меѓу нив и малолетник

t

Во текот на изминатото деноноќие, на целата територија на државата, полицијата уапсила 11 возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување со возило“.

Од нив, осум возачи управувале возило без возачка дозвола, од кои еден бил малолетник.

Двајца возачи управувале возило под дејство на алкохол, при што еден од нив предизвикал сообраќајна незгода, додека еден возач управувал возило и покрја тоа што имал активна забрана. По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

„Апелираме до сите учесници во сообраќајот доследно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит, под дејство на алкохол или за време на изречена забрана за управување со возило. Со одговорно однесување сите заеднички придонесуваме за поголема безбедност во сообраќајот“ наведуваат од МВР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Руски напади врз објект на „Нафтогас“ во…

Руските сили синоќа трипати нападнале објект на…

АЛТА банка денес изврши исплата на средства…

Денеска во филијалата на „АЛТА банка“ АД…

Хуманитарна катастрофа во Газа: Поројните дождови поплавија…

Поројните дождови поплавија десетици илјади шатори во…

Разбиена голема мрежа за даночни измами во…

Грчките власти разбиле голема мрежа за даночни…

Блумберг: САД и Иран се приближуваат до…

САД и Иран се приближуваат до можен…