Зголемена безбедноста на пешаците: Поставени заштитни столбови на една скопска улица
Од Град Скопје известуваат дека се поставени заштитни столбчиња на улицата “Френклин Рузвелт”.
Го пренесуваме соопштението на Град Скопје во целост:
“Поставени заштитни столпчиња на улицата Франклин Рузвелт
По налог на Град Скопје, а по пристигнати барања преку е-поштата на 24 часа отворен град, екипите на ЈП „Улици и патишта“ поставија заштитни столпчиња за зголемување на безбедност на пешаците на улицата Франклин Рузвелт.
На потегот од крстосницата со улицата Орце Николов до булеварот Партизански одреди од десната страна, досега се поставени околу 30 заштитни столпчиња, а поставувањето ќе продолжи и во текот на денешниов ден.
Со поставените столпчиња се превенира непрописно паркирање возила на овој потег и се овозможува непречено и безбедно движење за пешаците.”
Линк до Фејсбук статусот на Град Скопје: https://www.facebook.com/CityofSkopje/posts/5047650221947816
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
АХВ: Водата во Скопје е безбедна за…
Инспекциските служби на Агенција за храна и…
Од март директна авиолинија од Скопје до…
Од март ќе биде воведена директна авиолинија…
БРАВО! Скопјани ќе добијат вода за неколку…
Во завршна фаза се активностите за санација…
Од вечер повеќе од половина од Скопје…
Од 22 часот денеска, повеќе од половина од Скопје…
Штедете и гответе оброци што не бараат…
Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) во пресрет…