Објавено на:

Здравствената состојба на норвешкиот крал Харалд е „исклучително сериозна“

t

Здравствената состојба на норвешкиот крал Харалд е „исклучително сериозна“. 89-годишниот монарх е хоспитализиран од 17 август во Националната болница во Осло поради компликации поврзани со крвната болест од која боледува, соопшти кралскиот двор.

Харалд, најстариот жив монарх во Европа, стапил на престолот во 1991 година. Со години има сериозни здравствени проблеми, но досега одбиваше да абдицира и да му го предаде престолот на својот син, престолонаследникот Хакон.

Влошувањето на неговата здравствена состојба се случува во период кога норвешкото кралско семејство е погодено од повеќе скандали поврзани со сопругата на Хакон, принцезата Мете-Марит.

Нејзината преписка со Џефри Епстин, која датира од периодот 2011–2014 година, беше објавена во САД во јануари, иако тој во тоа време веќе бил осудуван за сексуални престапи.

Дополнителен скандал предизвика и нејзиниот син од претходна врска, Мариус Борг Хојби. Тој во јуни беше осуден на четири години затвор за две силувања и уште 32 точки поврзани со насилство, но поднесе жалба.

Самата Мете-Марит боледува од неизлечива белодробна болест и во јули беше подложена на трансплантација на бели дробови.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Здравствената состојба на норвешкиот крал Харалд е…

Здравствената состојба на норвешкиот крал Харалд е…

Норвешка воведува речиси целосна забрана за вештачка…

Норвешка воведува речиси целосна забрана за користење…

Синот на норвешката принцеза осуден на четири…

Мариус Борг Хоиби, 29-годишниот син на норвешката…

Норвешка одвојува околу 40 милиони евра за…

Норвешка одвојува 425 милиони норвешки круни (околу…

Кралот на Данска започнува тридневна посета на…

Кралот Фредерик X од Данска денес започнува…