Здружение на Украинци во Македонија бара да се забранат коментари за вестите поврзани со војната во Украина

t

Со цел намалување на руската пропаганда и ширење дезинформации за војната во Украина во земјава, Здружението на Украинци во РСМ „Лесја Украинка“ побара од медиумите во најкраток рок да ја укинат можноста за пишување коментари под онлајн публикациите на интернет-страниците и на социјалните мрежи кои имаат чувствителна содржина во однос на воените дејствија во Украина.

Ова барање, кое до медиумите преку писмено соопштение го испрати Здружението на Украинци во РСМ е насочено, како што велат оттаму, кон спречување на говорот на омраза и ширењето дезинформации во врска со руската воена инвазија во Украина. Оттаму додаваат оти разгорувањето на проруското расположение ѝ нанесува огромна штета на Република Северна Македонија и е насочено кон дестабилизација на земјата и Балканот и уривање на угледот на државните институции и медиумите.


„Нам ни е позната праксата на многу европски земји во врска со спречување на говорот на омраза, и како една од мерките е исклучувањето на коментарите под публикации на медиумите, а со тоа се намалува и ширењето пропаганда“, посочуваат оттаму.

Како што додаваат во соопштението, со оглед на постоење соодветни закони (одобрување или оправдување на геноцид, злосторства против човечноста или воени злосторства е кривично дело предвидено во членот 407-а од Кривичниот законик на РСМ) и земајќи предвид оти Владата на РСМ најави соработка со сојузниците ЕУ и НАТО и реши да да се спротивстави на дезинформациите, заштитувајќи ги граѓаните од штетите што ги предизвикуваат овие појави, од Здружението сметаат дека е потребно воведување мерки насочени за сузбивање на бранот на лажни информации и говорот на омраза во врска со воената агресија на Русија врз Украина.

„Иако Јавното обвинителство и Министерството за внатрешни работи најавија дека ќе преземат кривичен прогон против сите сторители кои со своите објави и јавно изнесени ставови ќе го сторат наведеното кривично дело, се појавија и ставовите на македонските правници за неможност да се примени горепосочениот закон сè додека нема правосилно решение од Меѓународниот суд за признавање на некое дело за воено злосторство или геноцид. Поради тоа, како и поради отсуство на киберполиција во земјава, бараме начин да се справиме со енормниот број коментари кои служат за покренување говор на омраза и поттикнување и оправдување насилство врз Украина во македонската јавност“, се наведува во соопштението на Здружението на Украинците во земјава.

Оттаму, меѓу другото, упатија и благодарност до македонските медиуми во врска со објективното известување за руската инвазија во Украина и за реално информирање на населението за сите случувања поврзани со оваа војна.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Пролетната работна акција на Град Скопје…

Пролетната работна акција на Град Скопје и…

ЦУК со апел до граѓаните по најавата…

По најавата на Управата за хидрометеоролошки работи…

Путин во разговор со Макрон и Шолц,…

Рускиот претседател Владимир Путин разговарал со францускиот…

Инспекторат на Град Скопје спроведе вонреден инспекциски…

По претставка од O2 Иницијатива, денес Инспекторат…

Голема крводарителска акција во просториите на Град…

Голем број граѓани, меѓу кои и вработени…