Здpавствени работници пpoтеcтирале пpoтив задолжителна вakцинација па го пpeтeпале директорот
![t](https://infomax.mk/wp-content/uploads/2022/01/Screenshot_65.png)
Здравствените работници кои протестираа против задолжителната вакцинација на медицинскиот персонал на француската карипска територија Гвадалупе го претепаа директорот на локалната болница и му ги „искинале алиштата“ на неговиот заменик.
Според локалните медиуми, инцидентот се случил во вторникот, а во него учествувале околу 50 членови на синдикат на здравствени работници. Габи Клавиер, генерален секретар на синдикатот, рече дека се собрале пред Универзитетската болница во Гвадалупе за „да си ги вратат парите назад“. Претходно, медицинскиот персонал кој не се вакцинирал бил подложен на одбитоци на плата. Невакцинираните здравствени работници, исто така, требаше да бидат суспендирани по крајниот рок на 31 декември утврден од властите.
Болницата објави соопштение во кое се вели дека демонстрантите го блокирале влезот, заробувајќи го директорот на медицинската установа и неколку други лица внатре неколку часа. Кога се обиделе да ја напуштат зградата со полициска придружба, демонстрантите, наводно, „го удирале директорот по ребрата“, а потоа му задале силен удар со глава што „за малку ќе го нокаутиралД. На еден од неговите заменици му ја скинале облеката.
Се вели дека демонстрантите „сериозно оштетиле“ возило на службеник во болницата.
Гвадалупе, е француски прекуморски регион во југоисточниот дел на Карипското Море, е зафатен од протести против задолжителната вакцина против Ковид од ноември минатата година. Демонстрациите често прераснуваа во немири. Франција дури мораше да испрати полициско засилување на територијата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Во тек е акција на МВР: Се…
МВР рано утринава прави претрес на повеќе…
Вашингтон пост: Бајден се кае што се…
Американскиот претседател во заминување Џозеф Бајден се…
Министерот за безбедност на БиХ оди во…
Судот на Босна и Херцеговина му одреди…
Легендарниот Тимур Дибиров ја завршува богата кариера
Легендарниот руски ракометар, Тимур Дибиров става крај…
(Видео) Авион се запали на писта во…
Најмалку 120 лица загинаа кога патнички авион…