Објавено на:

Зеленски вели дека САД предложиле директни разговори со Русија и со Украина

t

Володимир Зеленски, претседател на Украина, на прес-конференција во Брисел, 18 декември 2025 година.
Володимир Зеленски, претседател на Украина, на прес-конференција во Брисел, 18 декември 2025 година.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Вашингтон предложил директни преговори во кои ќе бидат вклучени американски, руски и украински преговарачи – потег што би можел да означи нова фаза во преговорите за завршување на војната во Украина.

„Соединетите Држави ни кажаа дека ќе имаат посебен состанок со руските претставници. Тие го предложија форматот Украина – САД – Русија, а бидејќи се присутни и претставници на Европа, можно е да се вклучи и Европа“, рече Зеленски на прес-конференција во Киев на 20 декември.

Немаше непосредна потврда од Соединетите Американски Држави(САД), од Русија или од европските земји за промена на форматот на преговорите.

Рускиот лидер Владимир Путин и началникот на Генералштабот Валериј Герасимов на состанок во Министерството за одбрана, Москва, 17 декември 2025 година.
Видете и ова:
Путиновата навреда со „свињите“: Обид да се подели Западот и да се обвини Европа ако мировните напори не успеат
Досега, американските претставници главно одржуваа одделни средби со руски и украински претставници, наместо сите три страни да бидат заедно на маса.

Два круга директни преговори во Турција, во мај и јуни, резултираа со договори за размена на затвореници, но без значителен напредок кон решение на конфликтот.

Изјавата на Зеленски доаѓа по уште една недела интензивна дипломатска и воена активност, додека целосната руска инвазија во Украина се приближува кон својата четврта година по почетокот на 24 февруари 2022.

Американските претставници имаа разговори со европски и украински претставници, самитот на Европската унија одобри заем од 106 милијарди долари за Киев, а рускиот претседател Владимир Путин на 19 декември одржа годишна прес-конференција во траење од четири и пол часа на која тврдеше дека Русија напредува на сите фронтови во Украина и не покажа знаци дека прави мировни отстапки.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зеленски вели дека САД предложиле директни разговори…

Володимир Зеленски, претседател на Украина, на прес-конференција…

Кризна состојба на барање на ЕСМ: Реална…

Дали ќе има кризна состојба во енергетскиот…

„Стоп за Усје“ повикува на граѓанска блокада…

Граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“ во четврток,…

Магла го затвори Скопскиот аеродром

Густата магла што од утрово ја зафати…

Вучиќ смирува: Имаме гориво до средината на…

Србија има обезбедено доволно керозин, мазут, дизел…