Магла го затвори Скопскиот аеродром
Густата магла што од утрово ја зафати скопската котлина предизвика сериозни проблеми во авиосообраќајот, поради што Меѓународниот аеродром Скопје практично е нефункционален.
Видливоста се намали на околу 100 метри, што е значително под минималните услови за безбедно слетување, со оглед на тоа што аеродромот работи во категорија 1.Краткотрајно подобрување на условите имало околу 13 часот, кога успеале да слетаат само три авиони, по што повторно настапиле неповолни временски услови.
Поради маглата, дел од летовите се пренасочуваат кон аеродромите во Софија и Тирана. И на аеродромот во Приштина има намалена видливост, но засега тој продолжува да функционира.
Податоците од официјалната веб-страница на скопскиот аеродром покажуваат дека откажани се повеќе летови, меѓу кои и оние за Венеција, Франкфурт, Виена, како и кон двата аеродроми во Истанбул.
Според неофицијални информации, постои можност аеродромот целосно да биде затворен до крајот на денот, бидејќи маглата се очекува да се задржи и во вечерните часови и во текот на ноќта.
Од Управата за хидрометеоролошки работи информираат дека во Скопје и во следните неколку дена ќе преовладува променливо облачно време, со честа појава на магла.
Потсетување дека скопскиот аеродром поради исти причини беше целосно затворен и на 26 јануари оваа година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Тригодишно девојче тешко повредено во лифт во…
МВР информира дека синоќа во 20:00 часот…
ЕУ испраќа претставници во Кина за да…
Група претставници на ЕУ во наредните денови…
Владата ги намалува цените на училишниот прибор…
Владата ги намалува цените на училишниот прибор…
Уапсен е македонски државјанин во Србија, понудил…
Припадници на Министерството за внатрешни работи на…
Г.Г. Стефан поради болест ја откажа најавената…
Посетата на Архиепископот Охридски и Македонски беше…