Објавено на:

Зеленски го нападна Шолц поради оружјето кое не и’ го дава на Украина: Тоа нема да ве заштити ако избие нуклерна војна

t

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го критикуваше германскиот канцелар Олаф Шолц затоа што одбил да испрати крстосувачки ракети „Таурус“ од германско производство на Киев и посочи дека одлуката се засновала на неговата желба да го задржи оружјето за да ја одбрани Германија од потенцијална руска закана.

„Колку што разбрав, канцеларот верува дека, како претставник на ненуклеарна држава, ова е најмоќното оружје што го има Германија“, рече Зеленски за ракетите Таурус во интервју за германските медиуми.

„Ми испрати пораки во кои вели дека не може да ја остави својата земја без толку моќно оружје“, додаде Зеленски за Шолц.

Германската влада, потсетува Политико, на сопствената јавност и претставила други причини за одбивањето да го испрати оружјето во Украина. Имено, Шолц упорно одбивал да ги испрати проектилите Таурус во Киев, јавно велејќи дека таквиот потег може да доведе до ескалација на војната, па дури и да ја вклучи Германија во директен конфликт со Русија.

Украинците сакаат германските ракети Таурус, кои имаат дострел од околу 500 километри и носат моќна боева глава, да погодат цели длабоко зад линијата на фронтот, како што е мостот што ја поврзува Русија со окупираниот украински полуостров Крим.

Зеленски рече дека Шолц ги гледа ракетите Таурус како средство за одвраќање од нуклеарен напад, иако Украинецот веднаш додаде дека не гледа логика во тоа.

Какви било проектили, рече тој, нема да заштитат никого од нуклеарни напади, ако, не дај Боже, избие нуклеарна војна.

Шолц, сепак, изнел значително различни аргументи пред германската јавност, прикажувајќи се себеси како лидер кој може да и пружи помош на Украина без да премине т.н. „црвени линии“, кои, според Шолц, може да доведат до проширување на војната. Некои политичари во неговата централно-левичарска Социјалдемократска партија го нарекоа „канцелар на мирот“ поради ваквиот пристап.

Иако членовите на неговата коалициска влада – заедно со конзервативните опозициски лидери – го повикаа да испрати проектили Таурус во Украина, Шолц одби, тврдејќи дека потегот ќе ја испровоцира Русија.

„Тоа е линија што не сакам да ја преминам како канцелар“, рече Шолц во март, а потоа додаде: „Имам одговорност да ја спречам Германија да се вклучи во оваа војна“.

Во интервјуто, Зеленски го нападна не само неподготвеноста на Германија да ги испрати ракетите, туку и бавноста на САД да им дозволи на украинските сили да користат борбени авиони Ф-16 и ракети АТАКМС испорачани од САД.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Бараат да се откажеме од името…

Вселенската патријаршија поставува неприфатливи услови за да…

Ескобар: Добивме уверување од сите нивоа на…

Очекуваме дека Македонија ќе продолжи по европскиот…

Владата донесе одлука за испраќање на македонски…

Владата на Република Македонија на предлог на…

ЦУК: Жителите на Куманово да не пијат…

Утрово, денеска, до Центарот за управување со…

Влада: Да се запре рушењето на стадионот…

Владата синоќа на седница донесе одлука да…