Зеленски го осудува недостатокот на меѓународен одговор на руските напади

t

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска оцени дека меѓународниот одговор на руските напади е „премногу слаб“, а тие, рече, „одземаат животи на Украинци практично секој ден“.

Зеленски на каналот Телеграм ги повика сојузниците на неговата земја да ги зајакнат санкциите против Москва и во исто време да ја зголемат поддршката за Украина.

Според него, две лица се убиени, а тројца други се повредени во нападот на меѓународниот граничен премин Старокојаш помеѓу регионот Одеса и Молдавија.

Зеленски додаде дека четири лица се повредени денес во напад врз станбена зграда во Киев.

„Москва не смее да влезе во претстојната зима мислејќи дека може да ја продолжи својата терористичка стратегија со ракети и беспилотни летала без последици“, рече Зеленски, додавајќи дека „агресијата мора да се запре тука и сега, пред да се прошири понатаму“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трамп ја зазема страната на Русија против…

Пензионираниот американски генерал-потполковник Бен Хоџис го обвини…

Зеленски: Можна е средба меѓу Украина, САД…

Украина, Соединетите Американски Држави и Русија би…

Трамп ги замрзна санкциите кон Русија

Претседателот на САД, Доналд Трамп, го стопираше…

Украина нападна руска радарска станица вредна околу…

Украинските одбранбени сили синоќа нападнаа руска радарска…

Руските власти го уапсија главниот уредник на…

Уредникот на рускиот независен медиум „Новаја Газета“,…