Објавено на:

Зеленски до руските војници: Се уште можете да се спасите, подобро да живеете во Русија отколку да умрете во нашата земја

t

Секој руски војник сепак може да си го спаси животот, вели украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Тој упати порака до руските војници. Претседателот вели дека досега загинале повеќе од 23.000 руски војници.

Подобро е да преживеете во Русија отколку да умрете во нашата земја – кажал тој.

Уништени се повеќе од 1.000 руски тенкови и скоро 2.500 други воени возила. Зеленски изјави дека Украина ќе биде слободна и дека украинското знаме ќе биде вратено во сите окупирани градови. Но, Русија соопшти поинакви податоци. Москва проценува дека бројот на убиени украински борци е повеќе од 23.000.

Единствениот начин да се врати мирот во Украина е да се врати украинскиот суверенитет на целата територија на земјата – вели украинскиот министер за надворешни работи Дмитриј Кулеба во интервју за кинеската државна новинска агенција Ксинхуа.

Најмладиот загинат руски војник имаше само 18 години.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Украинците признаа: Загинаа над 93.000 наши војници

Украинските власти објавија дека од почетокот на…

(Видео) Руските војници пристигнаа во Белорусија: Ќе…

Првите руски војници кои ќе бидат дел…

НАТО ќе се потруди да ги снабди…

Членките на НАТО се обидуваат да и…

Официјално: Покрај хеликоптер испраќаме и војници како…

Владата на Република Македонија, во знак на…

Зеленски даде наредба: Милион војници да тргнат…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски побара од неговите…