Зеленски објави дека на 4 и 5 февруари ќе има нова рунда на преговори со Русија и Америка
Новата рунда преговори меѓу Украина и Русија, со посредство на САД, ќе се одржи во Абу Даби, Обединетите Арапски Емирати, в среда и четврток (4 и 5 февруари), најави денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Зеленски нагласи дека Киев е подготвен за „суштинска дискусија“.
Тој истакна дека информациите доаѓаат од украинскиот преговарачки тим кој денеска требаше да одржи разговори со руската делегација.
„Нашиот преговарачки тим штотуку даде извештај. Датумите за следните трилатерални состаноци се одредени: 4 и 5 февруари во Абу Даби. Украина е подготвена за суштински разговори и ние сме заинтересирани исходот да нè доближи до вистински и достоинствен крај на војната (Москва-Киев). Ви благодариме на сите што помагате!“, рече тој.
Ни Москва ниту Вашингтон не ги потврдија информациите што ги сподели Зеленски.
Претходно, повеќе западни медиуми јавија дека денешната средба на претставници на рускиот и украинскиот тим е одложена, а дипломатскиот фокус е насочен кон средината на претстојната недела.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Зеленски објави дека на 4 и 5…
Новата рунда преговори меѓу Украина и Русија,…
Трамп: САД „почнуваат да разговараат со Куба“
Трамп вели дека САД „почнуваат да разговараат…
Нови преговори Русија-Украина во Абу Даби, Зеленски…
Русија и Украина се подготвуваат за втора…
(Видео) Најмалку 87 лица загинаа во снежната…
Најмалку 87 лица загинаа досега во снежната…
Техеран ги предупреди САД и Израел: Иранските…
Началникот на Генералштабот на иранската војска, Амир…