Објавено на:

Трамп: САД „почнуваат да разговараат со Куба“

t

Трамп вели дека САД „почнуваат да разговараат со Куба“ додека Вашингтон презема мерки за да ја намали испораката на нафта за Хавана, пренедуваат Euronews и Associated Press.

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека САД почнуваат да остваруваат контакти со кубанските лидери, додека неговата Администрација ја зголемува политичката и економска реторика кон комунистичката островска држава и ја намалува испораката на клучни нафтени резерви за Куба.

Трамп им кажа на новинарите во саботата навечер, додека патуваше со „Ер Форс Уан“ кон Флорида, дека администрацијата почнала „да разговара со Куба“ но не даде детали кога или на какво ниво се тие разговори.

Ова доаѓа по последните потези на неговата Влада во изминатите недели да се прекинат испораките на нафта од Венецуела и Мексико — мерки кои, според Трамп, ќе ја натераат Куба да седне на преговарачката маса.

Целите на овие контакти со Куба не се целосно јасни, но Трамп ја сврте својата внимание кон островот откако неговата администрација на почетокот на јануари го уапси тогашниот претседател на Венецуела, Николас Мадуро, и поостро се спротивставува на земји за кои Вашингтон оценува дека се противници на САД.

Трамп предвидува дека кубанската влада е блиска до пад и додаде дека ќе се најде некакво решение за излез од кризата.

Покрај тоа, минатата недела Трамп потпиша извршна наредба со која налага тарифни давачки на стоки од земји кои продаваат или доставуваат нафта на Куба — потег што имаше ефект врз Мексико, кое стана главен снабдувач на нафта по прекинот на испораките од Венецуела.

Мексиканскиот претседател, Клаудија Шеинбаум, предупреди дека ова може да доведе до хуманитарна криза, но Трамп рече дека тоа не мора да се случи и дека Куба веројатно ќе сака да направи договор со САД.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трамп изјави дека Украина мора да сака…

Американскиот претседател Доналд Трамп ја повика Украина…

Администрацијата на Трамп поништи над 300.000 визи…

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп поништила…

Амбасадорката на САД, Никол Варнс во посета…

Општина Делчево денеска беше домаќин на амбасадорката…

Администрацијата на Трамп ја одложи испораката на…

Администрацијата на Трамп не го одобри трансферот…

САД испратија аларм за опасност низ Блискиот…

Американските амбасади низ Блискиот Исток во понеделникот…