ЗЕЛЕНСКИ ОДОБРИЛ 40-ДНЕВНА ОПЕРАЦИЈА ЗА „ПРИТИСОК ЗА КРАЈ“! Тврди дека Русија веќе ги чувствува последиците
Украинскиот претседател Володимир Зеленски одобрил 40-дневна операција чија цел е да се зголеми притисокот врз Русија и да се забрза крајот на војната.
Одлуката ја објавил на Телеграм, посочувајќи дека Киев дошол до доверливи руски документи кои, според него, покажуваат дека украинската стратегија дава резултати.
– Одобрив 40-дневна операција за да се изврши притисок врз државата агресор да ја заврши војната – објавил Зеленски.
Тој тврди дека руското раководство чувствува сè поголем притисок поради украинските напади со среден и долг дострел.
Според Зеленски, меѓу погодените цели имало воени и енергетски објекти во близина на Санкт Петербург, објекти на воената индустрија во Воронеж и Чебоксари, како и нафтени и гасни капацитети во регионот Оренбург.
Дел од целите се наоѓале на повеќе од 1.200 километри од линијата на фронтот.
Украинскиот претседател додал дека на удар биле и комуникациски центри што ги користи руската армија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ЗЕЛЕНСКИ ОДОБРИЛ 40-ДНЕВНА ОПЕРАЦИЈА ЗА „ПРИТИСОК ЗА…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски одобрил 40-дневна операција…
Мицкоски: Не очекувам промени во преговарачката рамка,…
Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека не очекува…
Во Црна Гора уапсен ирански хакер кој…
Во акција на црногорската полиција и американското…
Филипче не сака дијаспората електронски да гласа…
Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, во гостувањето…
Мицкоски: Во вторник ќе се знаат новите…
Премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски,…