Објавено на:

Мицкоски: Не очекувам промени во преговарачката рамка, може да се смени само со консензус

t

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека не очекува промени во преговарачката рамка за членство во Европската Унија, оценувајќи дека таков чекор е можен само со согласност од сите земји членки.

Во интервју за Отвореното студио на Македонската радио-телевизија, по повод две години од мандатот на Владата, Мицкоски рече дека Франција и Германија работат на предлог со кој би се забрзал процесот на европска интеграција на Западен Балкан.

– Не очекувам да има промени во евроинтегративниот процес, бидејќи преговарачката рамка може да се измени само со консензус. Сепак, Франција и Германија понудија модел со кој би се забрзала интеграцијата и би се отвориле нови можности за регионот – рече Мицкоски.

Тој посочи дека за ова разговарал со германскиот канцелар Фридрих Мерц и францускиот претседател Емануел Макрон, при што ги изложил македонските забелешки на нивниот предлог. Според него, наместо напредокот да се врзува исклучиво со отворањето и затворањето на кластерите, поддршката за земјите од регионот може да се реализира преку постојните механизми, како што се Планот за раст и Реформската агенда.

Осврнувајќи се на евроинтегративниот процес, Мицкоски ја критикуваше претходната влада, оценувајќи дека преземала обврски без доволно анализа на можните последици.

Во однос на барањата од Бугарија за уставни измени, премиерот рече дека тие се поврзуваат со човековите права, но потсети дека Европскиот суд за човекови права досега донел 14 пресуди во корист на македонската заедница во Бугарија, а ниту една против Северна Македонија во однос на бугарската заедница.

– Ако резултатот е 14:0, тогаш навистина се поставува прашањето за кои човекови права зборуваме кога се бара промена на Уставот – истакна Мицкоски.

Тој нагласи дека Владата ќе продолжи да бара решение кое ќе обезбеди европска перспектива за државата, без, како што рече, да се повторуваат грешките од минатото.

Во врска со неодамнешните политички реакции околу објавувањето на дипломатска нота, Мицкоски оцени дека станува збор за организирана кампања мотивирана од дневнополитички интереси.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Утре без струја делови од Карпош и…

Дел од корисниците во скопските општини Карпош…

Михајлова никогаш не се извинила на семејството…

Уредникот на Радио Лидер открива дека избеганата…

Распишана централна и меѓународна потерница по Ива Михајлова

Министерството за внатрешни работи распиша централна и…

Тенеси може повторно да се обиде да…

Само една недела откако Криста Пајк преживеа…

(Видео) ВМРО-ДПМНЕ прашува дали Филипче и Заев…

ВМРО-ДПМНЕ денеска побара надлежните институции да отворат…