Објавено на:

Зеленски: Опремата во Белорусија што им помагала на руските дронови повеќе не функционира

t

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека опремата на територијата на Белорусија, за која Киев тврди дека се користела за насочување на руските напади со дронови, повеќе не е во функција.

Според Зеленски, опремата престанала да работи на 22 јуни, само неколку дена откако тој му постави ултиматум на белорускиот претседател Александар Лукашенко, барајќи во рок од една седмица да ги отстрани спорните системи.

„Според информациите што ги добив, опремата на белоруска територија од 22 јуни повеќе не работи. Искрено, сè уште не знам дали е и демонтирана. Факт е дека од денес таа не е во функција“, изјави Зеленски.

Тој претходно објасни дека станува збор за релејна опрема поставена на комуникациски кули, која, според украинските власти, била користена за поддршка на руските напади со дронови врз Украина.

Познато е дека руските беспилотни летала од типот „Шахед“ користат радиокомуникациски мрежи и копнена инфраструктура за навигација при напади на големи растојанија.

Александар Лукашенко, кој е на власт во Белорусија од 1994 година, се смета за еден од најблиските сојузници на Москва и ѝ обезбедува политичка и воена поддршка на Русија од почетокот на инвазијата врз Украина.

Во врска со украинскиот ултиматум, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, го обвини Киев за „агресија“ и за нарушување на белорускиот суверенитет.

Од Кремљ, исто така, соопштија дека рускиот претседател Владимир Путин и Лукашенко наскоро ќе одржат средба на која ќе разговараат за предупредувањето што Зеленски го упати до Минск.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зеленски: Опремата во Белорусија што им помагала…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека опремата…

Бугарските националисти ја поставиле контроверзната плоча за…

Бугарски активисти и националисти кои поставија спомен-плоча…

Продолжува драмата во Чешка: Уставниот суд ѝ…

Чешкиот Уставен суд ѝ наложи на Владата…

Ја спомна и Македонија: Трамп ја продолжи…

Американскиот претседател Доналд Трамп ја продолжи националната…

Србија го екстрадираше возачот кој прегази жена…

Екстрадирано лице од Србија барано по меѓународна…