Објавено на:

Бугарските националисти ја поставиле контроверзната плоча за Гоце Делчев во Баница без дозвола: Грчките власти веднаш реагирале

t

Бугарски активисти и националисти кои поставија спомен-плоча посветена на македонскиот револуционер Гоце Делчев во селото Баница, денешно Кариес, во близина на Сер, Грција и на обележјето го претставија како бугарски револуционер, го сториле тоа без дозвола од грчките власти.

Грчките власти не биле известени ниту дале дозвола за поставување на спомен-плочата, а бугарските медиуми пишуваат дека поради тоа има реакции во Грција.

На мермерната плоча, поставена на остатоците од старата камбанарија во напуштеното село, каде македонскиот војвода загина на 4 мај 1903 година во судир со османлиската војска, Делчев е опишан како „бугарски револуционер“.

„Бугарски револуционер и војвода, питомец на Военото училиште во Софија, живеел и се борел за слободата на Бугарите во Македонија и Одринско. Вечно сеќавање“, пишува на плочата.

Грчките медиуми објавуваат дека локалните власти не биле претходно информирани за поставувањето, ниту пак издале официјално одобрение. Засега нема официјален став од Министерството за надворешни работи на Грција.

Во 2022 година, тогашниот претседател на Бугарија, а сега премиер, Румен Радев јавно изрази поддршка на иницијативата за поставување спомен-обележје во Баница. Тогаш грчката страна посочи дека евентуалното барање ќе биде разгледано во редовна институционална процедура.

Една од најжешките теми на Заедничката македонско-бугарска мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања е токму Гоце Делчев, за кој бугарските историчари упорно тврдат дека бил бугарски револуционер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во сеќавање на Јовица, нека кампањата биде…

Кандидатот за градоначалник на Општина Брвеница од…

Трамп жестоко го нападна Axios: „На Иран…

Американскиот претседател Доналд Трамп категорично демантираше дека…

Мицкоски: Очекувам наскоро конкретизација на проектот со…

По средбите со претставници на Американската финансиска…

Заменик-директорот на ФБИ поднесе оставка една година…

Заменик-директорот на Федералното истражно биро (ФБИ), Ендру…

Трамп го одби иранскиот план за Ормутскиот…

Тензиите меѓу САД и Иран повторно растат…