Објавено на:

Зеленски: Украина го погоди рускиот ракетен и вселенски центар во Самара

t

Украинската војска го погоди рускиот ракетен и вселенски центар во Самара, како и воен аеродром што служел како база за руските борбени авиони – изјави денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Toj преку платформата Телеграм додаде дека украинските сили извршиле успешен напад и врз руски нафтен објект во балтичкото пристаниште Уст-Луга, каде што е предизвикана материјална штета.

Локалните власти во Самара потврдија дека Украина извршила напад врз индустриската инфраструктура во Самарската област, во југозападна Русија. Градоначалникот на Самара, Иван Носов, соопшти дека противвоздушната одбрана одбила „огромен напад“, при што индустриските објекти претрпеле ограничена штета, без да открива детали за погодената локација.

Самарската област и претходно беше мета на украински дронски напади, пред сè врз рафинеријата за нафта во градот Сизран, како дел од кампањата на Киев за гаѓање на руската енергетска и воена инфраструктура.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зеленски: Украина го погоди рускиот ракетен и…

Украинската војска го погоди рускиот ракетен и…

Сиљановска-Давкова: Симон Трпчески уште еднаш покажа дека…

Вчеравечер, на волшебен начин, дождот престана, небото…

Иран со порака до Трамп: Признајте го…

Иран испрати остри пораки до САД, повикувајќи…

(Фото) Внимателно на патот Струмица–Валандово: Истурени пиперки…

Возачите се предупредуваат на внимателно возење на…

Уапсен возач од Германија на автопат возел…

При контрола на патниот сообраќај со радар,…