Сиљановска-Давкова: Симон Трпчески уште еднаш покажа дека не е само најдобриот македонски пијанист туку и харизматична личност
Вчеравечер, на волшебен начин, дождот престана, небото се отвори, ветрот стивна и ѕвездите осамнаа над Античкиот театар Хераклеа Линкестис којшто ги вдоми маестро Симон Трпчески со неговите маестрални музички пријатели и привилегираната публика, желна и жедна за музички чуда, напиша денеска на Фејсбук претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова, која присуствувала на концерт на Симон Трпчески.
Симон, уште еднаш покажа и докажа дека не е само најдобриот македонски пијанист на сите времиња и еден од најмаркантните пијанисти во светот, туку и харизматична личност којашто сака и умее да комуницира во текот на концертот со музичарите на сцената, но и со слушателите, креирајќи топла, пријатна атмосфера, објави претседателката.
„Првиот дел од репертоарот нè врати во раскошот на класичните музички приказни, компонирани во наплив на различни чувства и расположенија и изразени низ различни ритми.
Во вториот дел, македонското музичко наследство доби ново, современо руво, низ дел од проектот „Македонисимо“, во којшто автентичните и препознатливи македонските ора и песни, преку новите аранжмани добија современ музички израз.
Да се ужива во магијата на Трпчески и неговите музички пријатели во Хераклеа, за мене, од уметност на неможното, вчеравечер стана уметност на можното: музичките волшебници го разбудија древниот антички амбиент и ги смирија облаците!
Сѐ уште под влијание на синоќешната импресија, со задоволство го очекувам концертот по повод десетгодишнината од „Македонисимо“, по деценијата во која, на крилјата на музиката, македонската музичка традиција го пропатува светот, претставувана од врвни културни амбасадори“, нотира во објавата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
За што навистина ја гонат Ива Михајлова:…
Еден загинат, тројца повредени, директен судир на…
Нетанјаху бара нови удари врз Иран пред…
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во изминатите две…
Србија го сруши рекордот: Резервите на злато…
Резеврите на злато, кои се дел од…
Трамп: Премногу далеку отидовме со нападите, веќе…
Американскиот претседател Доналд Трамп, изјави дека Вашингтон…
Американски конгресмен предупредува: Русија или Кина би…
Американскиот конгресмен Ерик Бурлисон предупреди дека САД…