Објавено на:

Зеленски ја спушти возраста за мобилизација од 27 на 25 години

t

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во вторникот потпиша нацрт-закон за намалување на возраста за воена мобилизација од 27 на 25 години, бидејќи на вооружените сили им недостасуваат луѓе за да се спротивстават на руската инвазија.

Овој предлог-закон, кој пред една година беше изгласан во украинската Врховна Рада (парламентот) и се чекаше на потпис од претседателот, ќе стапи на сила во среда, се наведува на веб-страницата на парламентот. Украинската влада потоа мора да ги усогласи различните регулаторни текстови со новата возраст за мобилизација во рок од шест месеци.

Украинската армија претрпе големи загуби, чиј обем се чува во тајност, а сега за разлика од почетокот на конфликтот и по долго подготвуваната летна протиофанзива, се мачи да најде доброволци за фронтот. На социјалните мрежи сѐ почесто се појавуваат видео-материјали од насилни мобилизиации во украинските градови.

Володимир Зеленскиј изјави во декември 2023 година дека армијата му побарала мобилизација на до 500.000 дополнителни луѓе, број што оттогаш е намален од новиот врховен командант на украинската армија, Александр Сирски. Сегашниот систем на регрутирање многу Украинци го сметаат за нефер, неефикасен и често корумпиран, а има и барања за демобилизација на оние кои долго време се на фронтот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Полска бара земјите од ЕУ да ја…

Полскиот министер за надворешни работи Радослав Сикорски…

Зеленски: Подготвуваме уште четири нови безбедносни договори

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска објави дека…

Кремљ го поздрави ставот на Зеленски за…

Русија денеска позитивно одговори на коментарите на…

Кој е наследникот на Ескобар? Александар Касанов…

Стејт департментот објави дека новиот заменик-помошник секретар…

Трамп му вети на Зеленски дека ќе…

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп синоќа во…