Земјотрес од 6,2 степени ја погоди Италија!
Земјотрес со јачина од 6,2 степени според Рихтеровата скала ја погоди денес Италија, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC). Епицентарот на земјотресот бил во близина на брегот на Калабрија на југот од земјата, на длабочина од 240 километри.
Според италијанските медиуми, потресот бил почувствуван и во Неапол и во неколку општини во областа на Везув, особено во областите што се граничат со Калабрија, но и во Пуља и Сицилија. На некои места, жителите излегоа на улиците и почнаа да се јавуваат и во регионалната Цивилна заштита и во противпожарната служба, првенствено за информации.
Регионалниот оперативен центар за Цивилна заштита почна да контактира со сите градоначалници во областите најблиску до епицентарот, но не се пријавени штети. Според исказите на очевидци објавени на веб-страницата на EMSC, земјотресот бил почувствуван и во Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Албанија и Грција.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Земјотрес од 6,2 степени ја погоди Италија!
Земјотрес со јачина од 6,2 степени според…
Четири тела пронајдени во запалено возило во…
Јагленосани тела на четири мажи беа пронајдени…
Италијанската полиција уапси водачи на криминална група…
Во истрагата со кодно име „Небула“, што…
Израелските сили врзале со лисици и тепале…
Италијанскиот новинар Алесандро Мантовани денес изјави дека…
Идентификуван напаѓачот во Модена: 31-годишник повреди седум…
Во вчерашниот инцидент во италијанскиот град Модена…