Објавено на:

Италијанската полиција уапси водачи на криминална група која дејствувала и во Хрватска

t

Во истрагата со кодно име „Небула“, што минатата година ја покренаа венецијанската и загрепската канцеларија на Европското јавно обвинителство (ЕППО), во Италија се уапсени челници на криминална група осомничена дека преку трговија со електронска опрема и хигиенски производи избегнала плаќање ДДВ во вредност поголема од 78 милиони евра.

ЕППО соопшти дека се приведени осомничените водачи на криминалната организација и нивни блиски соработници, кои требало да бидат испрашани од судија пред издавање налози за апсење, согласно неодамна изменетиот италијански Закон за кривична постапка.

Двајца осомничени, идентификувани како организатори, се задржани во притвор, додека уште четворица се ставени во домашен притвор. За уште двајца осомничени се изречени алтернативни мерки, меѓу кои обврска за редовно јавување кај властите и забрана за вршење деловни активности.

Истражителите се сомневаат дека криминалната организација, чии членови дејствувале во Хрватска и Италија, управувала со мрежа компании кои од италијански трговци на големо купувале хигиенски производи и производи за домаќинство, ослободени од ДДВ, а потоа само формално ги препродавале на фиктивни компании со седиште во Неапол. Тие фирми понатаму ја продавале стоката без да платат ДДВ.

Истрагата покажала дека со странските фиктивни компании, како и со фирмите вклучени во различни фази од измамничкиот синџир во Италија, наводно управувала истата криминална организација.

За да ги прикријат трагите и да ги отежнат истрагите, осомничените често ги менувале компаниите вклучени во шемата и ги регистрирале на имиња на фиктивни лица без реален имот.

Од Европското јавно обвинителство нагласуваат дека сите осомничени се сметаат за невини сè додека нивната вина не биде докажана пред надлежните судови во Италија и Хрватска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Италија и Шпанија ги укинуваат граничните контроли…

Италија и Шпанија денеска се согласија да…

Во Словенија задолжителен божиќен бонус од најмалку…

Вработените во Словенија годинава ќе добијат задолжителен…

Апсење кај Ќафасан, гостиварец фатен со околу…

Полициски службеници од Мобилниот тим „Task Force“…

Под притисок на Хрватска, Црна Гора ќе…

Министерството за спорт и млади на Црна…

(Видео) Протестите во Италија ескалираа – владата…

Италијанската влада ќе испрати 500 армиски војници…