Објавено на:

Иванка и Доналд Трамп Помладиот на pacпит поради измама поврзана со бизнисот на нивниот татко

t

Јавната обвинителка на Њујорк повика на испитување уште две од децата на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, Доналд Трамп помладиот и Иванка Трамп, како дел од граѓанската истрага за измама поврзана со бизнисот на Трамп, јави денеска весникот „Њујорк Тајмс“.

Поканите, издадени од канцеларијата на јавната обвинителка Летиција Џејмс, им биле предадени уште на 1 декември, заедно со судската покана до самиот Трамп, пишува весникот, цитирајќи лице запознаено со случајот.


Поранешниот републикански претседател во меѓувреме ја тужеше обвинителката Џејмс за да ја блокира нејзината истрага против неговата компанија, обвинувајќи ја за „политички прогон“ и „лов на вештерки“.

Канцеларијата на Џејмс сака да ги испраша членовите на семејството Трамп како дел од истрагата во која треба да се утврди дали компанијата „Организацијата Трамп“, манипулирала со проценетите вредности на нејзиниот недвижен имот.

Нејзината истрага е поврзана со кривичната истрага на окружниот обвинител на Менхетен за деловните практики на компанијата на Трамп, вклучително и наводите дека таа ја преувеличила вредноста на дел од нејзиниот недвижен имот за да добие заеми и даночни олеснувања. Џејмс се приклучи на истрагата во мај. Двете истраги се одвоени.

Канцеларијата на јавната обвинителка Џејмс го сослуша Ерик, синот на Трамп, во октомври 2020 година, наведува весникот „Њујорк Тајмс

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Американската амбасада во Киев ги повика американците…

Американската амбасада во Киев ги повика американските…

(Видео) Американски борбени авиони „под нос“ на…

Шест американски авиони Ф-15 денеска слетаа во…

САД ѝ се закани и на Белорусија

Соединетите држави ја информираа Белорусија дека ќе…

САД со опaceн обид за психолошки притисок…

По линијата Русија-НАТО сега гледаме размена на…

Бајден распали: Вo случај на ескалација, ќе…

Американскиот претседател Џозеф Бајден изјави дека во…