Иванка и Доналд Трамп Помладиот на pacпит поради измама поврзана со бизнисот на нивниот татко
Јавната обвинителка на Њујорк повика на испитување уште две од децата на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, Доналд Трамп помладиот и Иванка Трамп, како дел од граѓанската истрага за измама поврзана со бизнисот на Трамп, јави денеска весникот „Њујорк Тајмс“.
Поканите, издадени од канцеларијата на јавната обвинителка Летиција Џејмс, им биле предадени уште на 1 декември, заедно со судската покана до самиот Трамп, пишува весникот, цитирајќи лице запознаено со случајот.
Поранешниот републикански претседател во меѓувреме ја тужеше обвинителката Џејмс за да ја блокира нејзината истрага против неговата компанија, обвинувајќи ја за „политички прогон“ и „лов на вештерки“.
Канцеларијата на Џејмс сака да ги испраша членовите на семејството Трамп како дел од истрагата во која треба да се утврди дали компанијата „Организацијата Трамп“, манипулирала со проценетите вредности на нејзиниот недвижен имот.
Нејзината истрага е поврзана со кривичната истрага на окружниот обвинител на Менхетен за деловните практики на компанијата на Трамп, вклучително и наводите дека таа ја преувеличила вредноста на дел од нејзиниот недвижен имот за да добие заеми и даночни олеснувања. Џејмс се приклучи на истрагата во мај. Двете истраги се одвоени.
Канцеларијата на јавната обвинителка Џејмс го сослуша Ерик, синот на Трамп, во октомври 2020 година, наведува весникот „Њујорк Тајмс
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп изјави дека Украина мора да сака…
Американскиот претседател Доналд Трамп ја повика Украина…
Администрацијата на Трамп поништи над 300.000 визи…
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп поништила…
Амбасадорката на САД, Никол Варнс во посета…
Општина Делчево денеска беше домаќин на амбасадорката…
Администрацијата на Трамп ја одложи испораката на…
Администрацијата на Трамп не го одобри трансферот…
САД испратија аларм за опасност низ Блискиот…
Американските амбасади низ Блискиот Исток во понеделникот…