„Идејата не банкротира“- Зоран Витанов започнува план за нова апликација и обнова на мрежата

t

„Не ја менуваме нашата мисија, само ја менуваме патеката. Јас сум со вас и пред вас – и нема да ве водам таму каде што не би одел сам“ – им порача Зоран Витанов на членовите на Лајконет Македонија. Во поопширната вибер порака појаснува дека веќе се работи на пронаоѓање одржлив, етички и профитабилен бизнис модел „каде што повторно ќе можеме да работиме со чиста совест и гордост на идејата која плени: здружена заедница на трговци и купувачи“. Воедно, повикува да не се обвинуваат меѓусебно, туку да ги разгледаат можностите и да поведат заедничка постапка за заштита на „сите маркетери“. – пишуваат од порталот Пари.мк

Откако странските медиуми минатата недела известија дека банкротот е неизбежен за MyWorld International AG, внимението е насочено и кон Витанов, иако Мај Ворлд Македонија е во сопственост на Радован Витошевиќ. Познато е, Витанов ја предводи Лајконет Македонија и е долгогодишен претставник на Лајконет Аустриа ГмбХ, кој е засегнат од стечајот. А, во нејзини рамки е и Лајконет Македонија.

Пари се обиде да ги контактира и Витошевиќ и Витанов. На повикот одговори само Витанов, кој нагласи дека е оштетен и дека ќе покрене соодветна правна постапка.

Витанов во пораката до членовите на Лајконет Македонија изнесе став дека моменталните случувања се поради лошото менаџирање на истата. Тој ги охрабрува да не се откажуваат и да бидат трпеливи затоа што наскоро ќе има нова апликација, која ќе биде исто профитабилна.

Тој во пораката истакнува дека веќе собира понуди од софтверски компании кои би можеле да ја направат апликацијата. „Всушност, нашиот тим го воздигна овој бизнис. Зошто да не биде и бизнисот наш?“ – ја завршува тој својата порака до корисиниците на овие услуги

Лоша вест за многу Македонци: Банкротираше Лајонес, неизвесна е судбината и на Лајконет – се огласи и Зоран Витанов

Управителот на Лајконет Македонија си поднесе оставка – илјадници Македонци во неизвесност!

Повеќе прочитајте ТУКА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Идејата не банкротира“- Зоран Витанов започнува план…

„Не ја менуваме нашата мисија, само ја…

Вучиќ со одговор на „Гардијан“: Србија не…

Српскиот претседател Александар Вучиќ денес изјави дека…

Судот ги прогласи царините за незаконски –…

Апелацискиот суд на САД пресуди дека повеќето…

Денеска се празнува Светиот маченик Мирон, презвитер

Свештеник во некое место во Ахаја, од…

Претпладне сончево, попладне дожд и можно невреме

Претпладне сончево со умерена облачност, а попладне…