Вучиќ со одговор на „Гардијан“: Србија не прифаќа насилни улични протести
Српскиот претседател Александар Вучиќ денес изјави дека Србија е демократска земја и дека нема да прифати насилни улични протести или насилство , според него, прикриено како активизам.
„ЕУ обезбедува повеќе од 60% од странските директни инвестиции и издвои 1,6 милијарди евра до 2027 година за поддршка на реформите. Таквото ниво на ангажирање тешко е во согласност со идејата за Србија како „авторитарен“ и „злонамерен“ исклучок во регионот. ЕУ не би инвестирала толку многу во земја каде што нејзините вредности и интереси се фундаментално отфрлени“, оцени Вучиќ.
Тој истакна дека Србија е демократска земја и дека изборите ќе се одржат пред рокот во 2027 година, а во меѓувреме напредува во изборните реформи.
„Она што Србија не може да го прифати е насилство прикриено како активизам, поткопување на институциите кои се внимателно изградени со посветеност и поддршка на нејзините европски партнери“, нагласи Вучиќ.
Тој тврди дека во текот на изминатите девет месеци, во оваа земја се одржани повеќе од 23.000 неовластени собири.
И покрај фактот дека повеќето од овие собири биле од мал обем, истакнува тој, демонстрантите го нарушиле секојдневниот живот, а неодамна станале и насилни.
Српскиот претседател нагласи дека повеќе од 170 полицајци биле повредени, но дека полициските акции останале „ограничени и воздржани“ и биле насочени само кон оние кои оштетиле имот или нападнале полицајци.
Тој рече дека владата брзо ги исполнила првичните барања на студентите, отворила истраги, објавила илјадници документи за реновирањето на железничката станица и го зголемила финансирањето за образование.
Тој додава дека тогашниот премиер Милош Вучевиќ поднел оставка, преземајќи ја одговорноста за судирите меѓу младите околу ова прашање, но дека протестите продолжиле и дека демонстрантите престанале да бараат правда и се фокусирале на политички цели што подразбираат „промена на владата надвор од демократските процеси“.
На 25 август, „Гардијан“ објави статија за ситуацијата во Србија, наведувајќи дека Европа „не смее да ја игнорира борбата за демократија“ во Србија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
По пожарот во Волково, жителите бараат закон:…
Големиот пожар што денеска избувна во Волково…
Пресушија бунари во источна Хрватска, натоварени бродови…
Поради екстремната суша во источна Хрватска, бунарите…
Затвореник на викенд-отсуство ја нападнал мајка си,…
Четириесет и шестгодишен охриѓанец, кој издржувал затворска…
20-годишен припадник на албанската армија убиен во…
Дваесетгодишен припадник на албанските вооружени сили е…
Поранешниот адвокат на Трамп доби нова функција:…
Американскиот Сенат денеска со тесно мнозинство го…