Избори за ректор на УКИМ

t

Наставно-научниот кадар на секоја од единиците во состав на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, денеска од 12 до 14 часот со тајно гласање ќе избира помеѓу двајцата кандидати за нов ректор на УКИМ – Биљана Ангелова и Дарко Данев.

Тие се кандидираа на огласот за ректор на Универзитетот, за мандатниот период 16 септември 2026 – 15 септември 2029.

Проф. д-р Биљана Ангелова, која е во трка за втор мандат за ректор, е кадар од Економскиот институт, а проф. д-р Дарко Данев е редовен професор и поранешен декан на Машинскиот факултет на УКИМ.

Право на глас имаат членовите на единиците (факултети и институти) на УКИМ, кои се запишани во единствениот избирачки список што го утврди и објави Универзитетската изборна комисија .

Предвидени се и термини за евентуално прегласување, заедно со рок за приговори и нивно разгледување, а на 14 мај ќе бидат објавени конечните резултати.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Избори за ректор на УКИМ

Наставно-научниот кадар на секоја од единиците во…

ТРАМП ГО ОДБИ ИРАНСКИОТ ПЛАН ЗА МИР…

Американскиот претседател Доналд Трамп експресно го одби…

Лани 132 несреќи при работа, од нив…

По повод Светскиот ден за безбедност и…

Сончево со мала до умерена облачност, температурите…

Сончево со мала до умерена облачност, попладне…

Уапсен возач на автобус, возел патници без…

Денеска (27. 04.2026) на ул.”Панајот Гиновски” во…