Сончево со мала до умерена облачност, температурите до 25 степени
Сончево со мала до умерена облачност, попладне ќе има повремен локален дожд и услови за изолирана појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 8, а максималната ќе достигне од 20 до 25 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 25 степени.
До крајот на седмицата ќе преовладува променливо облачно време со повремен локален дожд. Во среда ќе има појава на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи. Во четврток наместа ќе има пообилни врнежи, а поради продор на постуден воздух од север на планините ќе има услови врнежите од дожд да преминуваат во снег. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, а температурата ќе биде во значително опаѓање. Во петок и во деновите од викендот ќе се задржи посвежо време, а утринската температура наместа ќе се спушти под нула степени.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Нови откритија на „Старо Бонче“: Средновековни гробови…
На археолошкиот локалитет „Старо Бонче“ се откриени…
Пандов на средба со делегација на Европскиот…
Директорот на Управата за извршување на санкциите,…
Македонски државјанин убиен во Германија
Дваесет и седумгодишен маж од Северна Македонија…
72-годишен Полјак се преценил кај Куратица —…
Пензионер од Полска одбрал авантуристички да го…
МОН: Неточни и лицемерни се тврдењата на…
Министерството за образование и наука (МОН) како…