Известување од ЈСП: Во следните 3 дена автобусите ќе сообраќаат по неделен возен ред, жичарата ќе работи редовно

t

ЈСП Скопје информира дека утре, четврток (6.01.2022 год – Бадник), задутре, петок (7.01.2022 год – Божиќ) и во сабота (8.01.2022 год), јавниот превоз ќе сообраќа по неделен возен ред, со исклучок на неколку линии, а дежурни ќе бидат три билетарници. Жичарницата ќе работи вообичаено.

РЕЖИМ НА ПРЕВОЗ

На 6, 7 и 8 јануари 2022 год, јавниот превоз ќе сообраќа по неделен возен ред, со исклучок на линиите 11, 11а, 18а, 32, 47а, 55, 55б, 56, 56а, 81, 118, 160 и 164 кои утре, четврток (6.01.2022 год) ќе возат по саботен возен ред.

РАБОТНО ВРЕМЕ БИЛЕТАРНИЦИ

Дежурни од 7 до 19 часот ќе бидат билетарниците на Транспортен центар и Зелен пазар, а отворена од 7 до 13 часот ќе биде билетарницата во Ѓорче Петров.

РАБОТНО ВРЕМЕ ЖИЧАРНИЦА

Жичарницата ќе работи вообичаено, односно од 10 до 17 часот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОБИД ЗА УБИСТВО НА БЕНЗИНСКА ВО СКОПЈЕ!

СВР Скопје поднесе кривична пријава против А.А.(34)…

Тешка кражба во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против…

(Видео) ЕКСКЛУЗИВНИ ДЕТАЛИ ЗА СКАНДАЛОТ НА СКОПСКИОТ…

Во вечерашната вонредна епизода на „Тешки муабети“…

(Видео) Андов: Ќе тужам за незаконското разрешување…

Ќе тужам поради незаконското разрешување од позицијата,…

(Видео) Повторно се запали автобус на ЈСП

Автобус се запали во скопската населба Бутел…