Изгоре „масата за дијалог“ на Еди Рама

t

Дел од учесниците на денешниот опозициски протест во Тирана ги запалија перничињата околу масата што албанскиот премиер Еди Рама ја постави пред својот кабинет како повик за дијалог со студентите. Албанските медиуми известија дека станува збор за поддржувачи на Демократската партија.

Камената маса, опкружена со седишта и листови со натпис „Дијалог“, беше поставена утрово. Рама ги објави снимките на социјалните мрежи, продолжувајќи ги повиците за разговор со учесниците во протестите.

Ова не е прва ваква симболична покана. Во претходните денови пред зградата беа поставени дрвени и пластични столчиња, кои демонстранти ги искршија. Рама изјави дека нема да се повлече од функцијата и дека е подготвен за дијалог, додека дел од протестирачите инсистираат на негова оставка.

Денешната мобилизација се одвива во услови на студентски протести што траат дванаесет дена. Поддршка за студентите изразија и универзитетски професори, лекари, синдикати и претставници на малите бизниси.

Во основата на незадоволството се состојбите во образованието, трошоците за студирање, јавните инвестиции и корупцијата. И покрај повторените повици за разговор, засега нема најавен договор за средба меѓу премиерот и претставници на демонстрантите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Изгоре „масата за дијалог“ на Еди Рама

Дел од учесниците на денешниот опозициски протест…

(Во живо) Ескалација на протестите во Тирана:…

Приврзаниците на албанската Демократска партија фрлаа денеска…

Дизелот ја притиска Европа: Цени близу 200…

Европа се соочува со силен притисок врз…

Албанскиот министер за надворешни, Ферит Хоџа, за…

Премиерот Еди Рама нема да си поднесе…

„Волстрит журнал“: Носачот „Џорџ Вашингтон“ се вооружува…

Американските воени сили на Блискиот Исток се…