Излегува на површина криминалната шема за богатење на градоначалниците од СДСМ и ДУИ

t

Разработена криминална шема на градоначалниците на СДСМ, однапред договорени тендери за злоупотреба на парите на граѓаните и лично богатење на градоначалниците. – Пишува во соопштение до медиуми од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Криминални тендери кои се однапред договорени од страна на градоначалниците и економскиот оператор, а јавната постапка преку системот за јавни набавки била само маска за целиот направен криминал.

Градоначалникот од СДСМ на општина Бутел објавил рамковен тендер за изградба на улично осветлување во септември 2021 година, а овој тендер го добива Друштвото за производство, трговија и услуги ПРОВИЗ ДООЕЛ увоз- извоз Визбегово, Скопје во вредност од 12.036.000 денари.

Овој спорен тендер, компанијата го добива врз основа на најниска понуда, која е добиена врз основа на збир на единечните цени во рамковниот тендер објавен од општина Бутел. Токму во понудата на единечните цени на тендерот се крие криминалот направен од Велимир Смилевски.

Материјалите кои биле потребни за изградба и функционалноста на системот за осветлување, нивните спецификации кои биле потребни, економскиот оператор претходно ги знаел и врз основа на тоа, цената на тие материјали на тендерот биле ставени многу високи, а за непотребните материјали и услуги се ставало цена од 1.81 денар. Само за да се добие најниска понуда на тендерот.

Па така, еден кабел NAYY – A 4x16mm2 (1kV) чини 380,86 денари по метар, а подебелиот кабел од типот NAYY –A 4x35mm2 кои не бил потребен за услугата чини 1.81 денар. За над 200 пати повисока цена.

Исто така четири метарски столб опремен со приклучно орманче со приклучни клеми според тендерската спецификација чини 9975,02 денари по парче, столб кои треба да се користи во изведбата, а исти такви топлопоцинкувани столбови во висина од 5 метри и 8 метри чинат само 1,81 денар, столб кои не биле предвидени за услугата.

Вакви примери во овој тендер има десетици. Целосно разработен систем за криминал на градоначалникот Смилевски.

На овој начин се испумпувале парични средства од буџетот на Општината на сметка на приватни компании. Нема одговор од Смилевски дали разликата и добивката од набавката на поскапиот продукт му е исплаќана на сметка или „на рака“ односно во готово?

Молк од институциите за овој случај, молк и од Јавното обвинителство за криминалниот тендер на општина Бутел.

Пари на граѓаните се испумпувале од буџетот на општина Бутел на наместени и договорени тендери. Одговорност за овој, но и за многу други вакви тендери мора да има. – Пишува со соопштението до медиумите од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОЈО и ДКСК веднаш да го истражат…

Волкот го менува влакното, но не и…

СДСМ: Мицкоски да не молчи, да одговори…

Мицкоски молчи и не одговара на прашањата…

Дали Мицкоски патувал за Вашингтон во луксузна…

Според информациите до кои дојде СДСМ, Мицкоски…

СДСМ: Поминаа ден-два, пожарите не се под…

Поминаа ден-два, пожарите не се под контрола,…

Лукаревска: Не фали ниту денар во буџетот,…

Обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ дека од буџетот фалат…