Израелците масовно се вооружуваат „до заби“

t

Вознемирени од ненадејниот напад на терористите на Хамас врз кибуците околу Газа, во кој беа убиени близу 1.400 луѓе, илјадници Израелци во изминатите три недели купиле пиштоли или аплицирале за дозвола за поседување оружје.

Ваков тренд не е вообичаен во земјата што важи за една од најмилитаризираните во светот и во која 32-месечниот воен рок е задолжителен за речиси сите полнолетни жители. Огромниот пропуст на разузнавачките и полициските служби, кои не го открија и не го спречија терористичкиот напад непријатно ги изненади граѓаните што се чувствуваа заштитени од моќните воени и полициски единици.

Продавачите забележуваат дека во изминатите неколку недели повеќекратно е зголемен интересот за купување огнено оружје, особено на пиштоли и револвери, како и муниција. Најзагрижени за сопствената безбедност се еврејските доселеници на палестинска територија, кои и пред новата војна беа најмоќно вооружените граѓани. На вежбовните стрелишта „калибар 3“ во населбата Гуш Ецион кај Витлеем до крајот на септември имало по три сесии неделно, а сега има и по две дневно, цели сопственичката Јаел Гат. Обуката за пукање е задолжителен услов за добивање дозвола за поседување оружје.

– Доаѓаат многу повеќе луѓе. Секој сега сака пиштол. Потресени се и не се чувствуваат безбедни. Бараат можност и самите да може да се заштитат – вели Гат за „Гардијан“.

И властите почнаа кампања за вооружување на граѓаните. Министерот за национална безбедност Итамар Бен-Гвир, еден од најекстремните во кабинетот на Бенјамин Нетанјаху, два дена по нападот на Хамас побара да се олесни процедурата за сите израелски граѓани што сакаат да купат огнено оружје. Бен-Гвир побара задолжителните директни разговори со апликантите да се прават преку телефон, а дозволите за носење оружје да се даваат во рок од една недела по апликацијата. Процесот експресно е забрзан, од вообичаените неколку месеци на само неколку дена.

Регионалниот совет на Самарија на Западен Брег пред една недела им доставил 300 автоматски пушки на „цивилни безбедносни одреди“, во координација со Министерството за национална одбрана.

Концентрирањето оружје кај цивилите го зголемува ризикот тоа да биде употребено во напади, а не за самоодбрана. Ситуацијата е критична околу еврејските населби на Западниот Брег, каде што и пред војната имаше престрелки помеѓу доселениците и Палестинците. Американскиот претседател Џо Бајден пред една недела го повика Израел да ги скроти одмазничките напади на еврејските доселеници на Западниот брег, во кои беа убиени неколкумина Палестинци, а стотици беа протерани од домовите. Бајден забележа дека доселениците „долеваат бензин во веќе опасниот оган“

– Ова мора да запре. Мора да има одговорни. Мора да запре веднаш – порача Бајден.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Филипче: Добро е што Мицкоски сфатил дека…

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче преку својот…

Канада ќе обезбеди воена помош за Украина…

Канада објави нов пакет одбранбена помош за…

Мицкоски ја направи Македонија понижена, наместо горда

Мицкоски ветува промени кои наводно ги направил…

Крвав хорор со ножеви во Чаир –…

Во крвава тепачка во која биле користени…

СДСМ: За врховистот Мицкоски, Македонија е кауза…

ВМРО-ДПМНЕ не е никакво продолжение на историското…