Израел ги забрзува процедурите за доселување на еврејското население од Франција
Израел се подготвува за зголемување на бројот на еврејски имигранти од Франција по немирите во оваа европска земја, при што израелскиот министер за интеграција на имигрантите, Офир Софер, нареди забрзување на процедурите за нивно преселување, пренесе ДПА.
Од почетокот на годината, околу 4.000 Евреи се преселиле од Франција во Израел, покажуваат најновите податоци на израелското Министерство за интеграција на имигрантите, што според локалните медиуми е најголем број од 2015 година досега.
Во тој контекст, стотици француски Евреи овој месец посетиле специјализиран саем за вработување во Париз, каде што се сретнале со претставници на водечки израелски компании со цел да им се понудат можности за професионално остварување уште пред преселувањето и да им се олесни воспоставувањето на животот во Израел.
Во неодамнешното соопштение, министерството наведува дека припадниците на еврејската заедница во Франција изразуваат загриженост поради политичките случувања во земјата, вклучувајќи ја и можноста за претседателска кандидатура на крајнолевичарскиот политичар Жан-Лик Меланшон, познат по острите критики кон Израел.
„Овие случувања го засилуваат чувството на несигурност и загриженоста за иднината кај дел од еврејската заедница во Франција“, наведува Министерството.
Покрај тоа, по нападот на Хамас на 7 октомври 2023 година, бројот на антисемитски инциденти во Франција достигна историски високо ниво — според податоците на француското Министерство за внатрешни работи, минатата година биле регистрирани 1.320 случаи, односно околу трипати повеќе во споредба со 2022 година.
Во меѓувреме, Израел се соочува и со зголемена емиграција, при што земјата главно ја напуштаат млади и високообразовани Израелци, делумно поради напнатата безбедносна ситуација, политичката неизвесност и високите трошоци за живот, забележува ДПА.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Израел ги забрзува процедурите за доселување на…
Израел се подготвува за зголемување на бројот…
Виткоф утре патува во посета на Москва:…
Специјалниот пратеник на Соединетите Држави, Стив Виткоф,…
Герасимовски: Катастрофална е состојбата во државата –…
Градоначалникот на Општина Центар и потпретседател на…
За автопатите, годинава се обезбедени 243 милиони…
Државниот буџет ќе има улога во финансирањето…
Ѓорѓиевски: По повеќегодишен застој и стагнација ја…
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска…