Илија Димовски: 3aeв беше системски пpoблем на државата

t

Екс пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски на Фејсбук го анализираше владеењето на Заев и дојде до заклучок дека премиерот во оставка беше системски проблем за државата.

-Системски проблем е на државата што може да добие Премиер


кој ќе ги згази и погази сите демократски стандарди на парламентарна демократија,

ќе тргува со судството и обвинителството за доминација и влијание во политичката битка,

ќе ги поништи веќе утврдените националните и државни позиции за клучните идентитетски позиции,

ќе промени Устав спротивно на јасно изразена волја на граѓаните на Македонија,

ќе прифати договори со кои се нарушуваат основните човекови права,

ќе го десеткува значењето на АСНОМ и ќе тргува со значењето на Илинден…

Системски проблем е неговиот избор, а неговото одење е нова шанса за реституција на правната држава…

Оваа држава мора да најде начин да се бори и да ги отстрани катастрофалните последици после владеењето на Заев…

Тоа не е партиска или политичка битка, тоа е битка за опстојување на македонската нација и македонската држава…

Интелектуална обврска е оваа власт да замине ден побрзо, пишува Димовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

3aeв нema да користи aпaнажа, ќе се…

Поранешниот премиер Зоран Заев од вчера има…

3aeв се огласи на Фејсбук

Денеска ги предадов функцијата и кабинетот на…

(Фото) Чао 3aeв – последната фотографија од…

Зоран Заев утринава се збогуваше од функцијата…

(Фото) Македонија го доби 8-миот премиер: Ковачевски…

Новоизбраниот претседател на Владата Димитар Ковачевски утрово…

Ковачевски ќе ја преземе од 3aeв премиерската…

Во Владата на Република Македонија денеска ќе…