Илон Маск понуди АСТРОНОМСКА сума пари за да купи дел од акциите на Твитер

t

Илон Маск, најбогатиот човек на светот, испрати понуда да го купи Твитер, објаснувајќи дека тој е вистинскиот човек кој може да го „отклучи неверојатниот потенцијал на таа платформа“.

Во изненадувачка изјава, Маск рече дека е подготвен да плати 54,20 долари за удел на Твитер, проценет на 40 милијарди долари.


Неодамна светската јавност дозна дека Маск стана најголемиот поединечен сопственик на акции на Твитер.

Тој рече дека доколку неговата понуда не биде прифатена, „ќе мора да размисли за сопствената позиција како акционер“.

Како што може да се види во поднесокот до Американската комисија за хартии од вредност, Маск испрати СМС порака до членовите на одборот на директори на Твитер, во која наведува дека дошол до идеја за понуда за купување минатата недела. .

Лидерите на компанијата потоа го поканија да се приклучи на одборот на директори, што тој наводно го одбил.

Во пораките објавени во поднесокот испратен до Американската комисија за хартии од вредност, Маск вели: „Тоа е висока цена и ќе им се допадне на вашите акционери“.

Тој рече дека ќе мора да ги продаде акциите доколку нема договор.

– Ова не е закана, но потребни се промени за да се исплати инвестицијата, додаде тој.

Викторија Сколар, шеф на одделот за инвестиции во британската компанија Interactive Investor, тврди дека ова е многу „непријателски потег на Илон Маск“.

Маск во поднесокот наведе и дека инвестирал во Твитер бидејќи верува во неговиот потенцијал да биде платформа која овозможува слобода на говор ширум светот:

– Меѓутоа, откако инвестирав, сега разбирам дека компанијата ниту ќе напредува, ниту ќе му служи на овој општествен императив во сегашната форма. Твитер треба да се трансформира.

Компанијата Твитер објави дека одборот на директори „внимателно ќе го разгледа предлогот за да ги утврди потезите кои ќе бидат во интерес на компанијата и на сите акционери“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бомба од Маск: Ќе ја укинам забраната…

Илон Маск, новиот сопственик на Твитер, денеска…

(Фото) Соросоидите влегоа во војна со Илон…

Некои од најпознатите либерални фигури се здружија…

Маск објави: Не сите ќе можат да…

Некои можеби ќе треба да платат за…

(Видео) Урнебесно: Србите го “провалија” Заев поради…

Урнебесно видео од српска сатирична емисија се…

Вработените во Твитер стравуваат: Маск планира намалување…

Додека преговараше за договорот за купување на…