Дали ВМРО ДПМНЕ стои зад повеќе од 200 ботови на мрежата Х кои секојдневно шират говор на омраза?

t

Дали ВМРО ДПМНЕ стои зад повеќе од 200 ботови на мрежата Х кои секојдневно шират говор на омраза? – прашуваат од изборнипт штаб на актуелниот претседател Стево Пендаровски.

Реториката којашто ја користат овие профили потсетува на реториката на ВМРО-ДПМНЕ со која, во недостиг на аргументи, партијата неосновано го напаѓа претседателот Стево Пендаровски. На истите профили се забележува и силна поддршка за партијата ВМРО-ДПМНЕ.

Истите овие профили години наназад шират антиалбански и антизападни ставови.

Иако од ВМРО-ДПМНЕ тврдат дека нема да водат црна кампања против претседателот Пендаровски, сепак секојдневно објавуваат манипулативни видеа во коишто се извадени од контекст изјавите на претседателот Пендаровски. Речиси идентични како и во објавите на мрежата Х.

ВМРО-ДПМНЕ на јавноста треба да ѝ одговори дали стои позади овие профили и дали на социјалните мрежи токму тие се автори на црната кампања против претседателот Пендаровски.


Инаку, тврдењето на ВМРО – ДПМНЕ дека нема да води црна кампања го сфаќаме како лоша пародија, имајќи предвид дека тоа е истата партија која безсрамно вршеше цензура, партија во чие владеење се затворија најголемите медиуми и беше забележан најголем пад во слободата на медиумите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВМРО-ДПМНЕ: ЈО не смее да молчи за…

СДС свесно и со умисла создаваат хаос,…

ВМРО-ДПМНЕ: СДС никако да престане свесно да…

СДС никако да престане со умисла да…

ВМРО-ДПМНЕ: Во куќата на Заев во Грција…

„Во куќата на Зоран Заев во Грција…

Дали Филипче со хајката против „Алта банка“…

Разоткриен е вистинскиот мотив зад долгомесечната кампања…

„СДС и Филипче молчеа кога пропаѓаше Еуростандард…

ВМРО-ДПМНЕ ја обвини СДСМ за двојни стандарди…